ИНИЦИЈАТИВА „FUTURE SKOPJE“

СПОДЕЛИ ЈА СВОЈАТА ВИЗИЈА ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ КАКО ЕДНО ОД НАЈДОБРИТЕ МЕСТА ЗА ЖИВЕЕЊЕ, РАБОТА И ПОСЕТА И ПРЕДЛОЖИ ЧЕКОРИ ЗА ПРОМЕНА

 

ИНИЦИЈАТИВАТА „FUTURE SKOPJE„ ОБЈАВИ АНОНИМЕН ПРАШАЛНИК ЗА СКОПЈЕ ОД ИДНИНАТА

 

“Future Skopje” или „Скопје од иднината“ е иницијатива која цели кон урбана трансформација на градот Скопје и ги повикува сите жители без разлика на нивната возраст, потекло, професија или интереси, сите оние кои работат во Скопје или пак редовно го посетуваат да ги споделат своите желби, потреби и визии за иднината на градот. Со пополнување на анонимниот прашалник (кликнете овде за да пристапите до прашалникот), секој може да ги сподели своите идеи, предлози, проекти, цртежи и желби за тоа како треба да изгледа градот Скопје, кога тој би бил најдобото место за живеење, работа и посета во регионот.

Дополнително, секој може да ја сподели својата визија на профилите на “Future Skopje” на социјалните медиуми:

Facebook: https://www.facebook.com/futureskopje

Instagram: https://www.instagram.com/futureskopje/

Или преку испраќање на своите предлози и идеи на е-меил адресата: futureskopje@innovationlab.mk

Со пополнување на овој прашалник секој може да сподели идеја која може да има значително влијание во процесот на урбана трансформација на Скопје. Преку прибирање на визиите на жителите на градот и нивна документација, ќе се изврши приоретизација на најкритичните области каде е потребна акција и врз основа на прибраните изјави од граѓаните, ќе бидат изработени конкретни планови и проекти за трансформација на урбаната средина во поотпорно, поздраво и одржливо Скопје.

На локално ниво, “Future Skopje” иницијативата е предводена од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации – Скопје, по повод проектните активности во склоп на проектот „Градови на Иднината во Југоисточна Европа“, чија имплементација е започната во август 2019 година од страна на СмартАп во соработка со Град Скопје. Проектот „Градови на Иднината во Југоисточна Европа“ е под водство на EIT Climate-KIC (https://www.climate-kic.org/)