Вебинар за дигитализација на културното наследство / НК ИКОМОС – Македонија

Работната група на идни професионалци при Националниот комитет на ИКОМОС во Македонија, ве поканува на нивниот прв ЗУМ вебинар на тема ,,Дигитализација на културното наследство: Примена на дигитални алатки за документација, презентација и интерпретација на археолошкото наследство во РС Македонија“ кој ќе се одржи на 19 март 2021 година, со почеток во 12:00 часот. Овој вебинар има за цел да ја информира стручната јавност за начинот и потребата од примена на овие алатки, како и со предизвиците со кои се соочуваат професионалците при нивната имплементација.

 

Поканетите говорници на овој вебинар се професионалци од областа на заштитата на археолошкото наследство од поновата генерација, пионери во дигитализирање на културното наследство и на овој вебинар ќе говорат за документирање на археолошкото наследство со примена на фотограметрија или IBM (Image-based-modeling), за изработката на едукативни алатки за презентација и интерпретација на археолошкото наследство преку употреба на VR (virtual reality) технологија и мобилни апликации, изработка на првата виртуелна тура за археолошки локалитет во Македонија, како и изработка на 3D модели на археолошки предмети. На вебинарот ќе говорат Мишко Тутковски и Димитар Николовски од НУ Стоби, Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата и Христијан Талевски од ЈНУ Институт за Старословенска култура – Прилеп.

 

 

Учеството на вебинарот е преку онлајн регистрација на следниот линк: https://forms.gle/mUFe3VByJdv5P96L8  и истиот ќе може да се следи во живо на Facebook страната на НК ИКОМОС Македонија и на неговиот YouTube канал. За време на вебинарот ќе биде обезбеден симултан превод на англиски јазик.

 

Со почит,

НК ИКОМОС – Македонија