Поништен е конкурсот за Расадник

Новинската агенција МЕТА.МК објави дека „Меѓународниот архитектонско-урбанистички конкурс за избор на идејно решение за локалитетот „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода е поништен, затоа што до истекот на крајниот рок биле доставени само четири конкурсни труда, информираат од Општина Кисела Вода.“

Согласно правилата во расписот, за успешен конкурс беа потребни најмалку 7 конкурсни трудови, а притоа пристигнале само 4 (еден домашен и 3 од Европа и Азија), за што жири комисијата констатирала дека не се исполнети условите.  Во вакви случаи, праксата налага распишување на нов конкурс.

Неуспешноста на повикот може да се анализира и од тука да се извлече поуката дали проектната задача бараше премногу и дали истата е соодветно финансиски вреднувана. Во конкурсот беа вклучени сите зони и населби околу слободната површина, согласно опфатот на ДУП – от.

Според МЕТА.МК општинските власти изјавиле дека не се откажуваат од меѓународниот конкурс и дека во соработка со сите вклучени страни во жири комисијата ќе се анализираат причините за малиот одзив од професионалната јавност, по што би се распишал нов повик.

Прочитајте повеќе кај изворот >>