Употребата на азбест во градежништвото и како да го препознаеме

 

Пожарот во фабриката Треска и распаѓањето на нејзиниот азбестен кров, нѐ потсети за присуството на овој токсичен минерал и во други постари објекти. Затоа денес ви претставуваме еден краток вовед за употребата на овој материјал во градежништвото и каде најчесто го среќаваме.

 

 

 

Репортажа на 360 степени „Аларм по пожарот кај „Треска“ – азбестните кровови голема опасност за здравјето на луѓето“ / И. Каревска, Април 2022.

 

 

 

Азбестот е природен материјал кој е сочинет од микроскопски влакнести кристали. Во неговата стабилна состојба тој е целосно безопасен, но при негово кршење, ронење или стругање се ослободува азбестна прашина која е исклучително опасна. Доколку вдишеме азбестни влакна тие се залепуваат за нашите бели дробови и можат да предизвикаат азбестоза или рак на белите дробови.

Сепак бидејќи овој материјал е доста силен, незапалив и отпорен на топлина, а истовремено и доста присутен во природата, уште од 19-от век почнува да се користи за изработка на низа материјали и текстили.

 

 

 

Азбестниот минерал и неговите свиленкасти влакна / www.wikipedia.org

 

 

 

Во градежништвото најмногу се употребувал во комбинација со цемент бидејќи неговите влакна го зајакнуваат материјалот без да ја зголемуваат неговата тежина. Неговата отпорност на топлина и пожар го прави идеална состојка за изолациски материјали и цевки.

Во 1970-те е откриено за неговата штетност по здравјето и тој полека излегува од продажба и се заменува со други, побезбедни материјали. Сепак, поради претходната широка употреба, тој сѐ уште е присутен во многу од објектите кои се изградени пред овој период.

 

 

 

Текстура на азбестен цемент / www.dreamstime.com

 

 

 

Него сѐ уште го среќаваме на постоечките објекти бидејќи поради неговата токсичност, самото негово отстранување и депонирање се опасни и скапи интервенции.

Најпрвин тој мора многу внимателно да се извади од објектот, а лицата кои го вршат овој процес мора да се соодветно обучени и заштитени со скафандери, ракавици и маски. Во ниеден случај материјалот не смее да биде оштетен, што значи дека не смее да се корне или фрла како при класична демонтажа на обични материјали, а ова го прави процесот уште подолг и поскап.

За крај како опасен отпад тој не може да се складира во било каде, тој мора да се однесе во депонија каде има соодветна машинерија за негово разложување а кај нас тоа е само депонијата Дрисла.

Но иако звучи комплицирано, овој процес не е ништо ново и необично. Истиот проблем е присутен речиси низ целиот свет, а како негов одговор развиваат многу компании кои се специјализираат за ракување со азбест.

 

 

 

Отстранување на азбестен кров / https://www.coresurveys.co.uk/do-you-need-an-asbestos-survey-when-buying-a-house/www.mesothelioma.com

 

 

 

Азбестните материјали се како темпирани бомби, или чекаат внимателно отстранување од страна на обучени лица, или распаѓање во токсична прашина. Од тој аспект немаме избор, првата можна прилика би требале да инвестираме во неговото отстранување како би избегнале поголема катастрофа во иднина.

Но, за да го отстраниме овој штетен материјал мора прво да знаеме да го препознаме. Во пракса, при сомнеж за присуство на азбест се повикуваат експерти кои прават прецизни тестови и цел инвентар на азбестни материјали во еден објект.

 

 

 

Aзбестот може да биде присутен и на помалку очигледни места: во бои, плочки, боилери итн. / www.coresurveys.co.uk

 

 

 

Сепак, повеќето азбестните материјали имаат карактеристичен изглед и намена што ги прават полесни за препознавање. Ви претставуваме листа на најчестите примери на азбест во постоечки објекти.

 

1. Кровни плочи

 

www.asbestos.nsw.gov.au

 

 

2. Кровни керамиди

 

www.bostonroofingguide.com

 

 

 

3. Ѕидни панели

 

www.asbestostesting.com.au

 

 

 

4. Цевки и оџаци

 

www.hse.gov.uk 

 

 

 

5. Изолација на цевки

www.midlandsasbestossolutions.co.uk

 

 

 

6. Плафонски панели

 

www.oracleasbestos.com

 

 

 

Погледнете и други примери во следното видео: