LuxFloors: Кога дизајнот започнува од подот / Интервју

Со ова интервју ја најавуваме нашата заедничка соработка со LUXFLOORS, која се надеваме дека ќе прерасне во традиција. Најпрвин да ве запознаеме со нашите читатели:

Од кога постои компанијата и со што конкретно се занимава?
Damfil Engineering е семејна компанија која веќе повеќе од 30 години е активен играч во светот на подовите во Македонија. Преку децениска работа и соработка со бројни инвеститори, архитекти и изведувачи, изградивме силна репутација во дистрибуцијата и изведбата на подни материјали за објекти со високи стандарди.

Како резултат на нашето искуство и сè поизразената побарувачка за ексклузивни, дизајнерски подни решенија, го создадовме брендот LuxFloors – платформа посветена исклучиво на премиум производи како луксузни винилни плочки, паркет, терацо и дрвени декинг подови. Работиме со водечки европски брендови кои овозможуваат бескрајни можности за дизајн, комбинации и техничка прецизност – сето тоа со цел да ги поддржиме архитектите и клиентите во реализацијата на простори што зрачат со автентичност, елеганција и долговечност.

 

 

Кој е тимот кој стои позади компанијата?
LuxFloors е бренд на компанијата Damfil Engineering, семејна фирма основана и управувана од Драган Домазетовски, кој е присутен во индустријата за подови повеќе од 30 години. Денес, компанијата ја води заедно со своите синови – генерација која носи нова енергија, модерен пристап и силна посветеност на квалитет и дизајн.

Како мала, но компактна организација, Damfil и LuxFloors функционираат со блиска координација меѓу менаџментот, архитектите и нашиот изведбен тим – работниците кои ја создаваат магијата на терен. Токму тие се срцето на секој успешно завршен проект – луѓето кои со рацете, знаењето и искуството го претвораат секој материјал во завршен производ што остава впечаток.

Секој член на тимот носи одговорност, посветеност и љубов кон занаетот. Како семејство и како компанија, веруваме дека квалитетот се гради однатре – преку искрен однос, професионализам и постојана желба за подобро.

 

 

Кои се главните производи кои ги нудите на пазарот и со што се разликуваат од останатите конкуренти?

Со LuxFloors нудиме внимателно одбрана селекција на премиум подни решенија кои комбинираат естетика, издржливост и техничка прецизност. Нашата понуда опфаќа повеќе категории на производи, секоја од нив избрана со јасна цел – да понуди решение со вредност што трае.

Главните категории што ги нудиме се:

  • LVT (Луксузни Винилни Плочки)
    • SPC Click подови
    • Висококвалитетен трослоен паркет
    • Терацо плочи
    • Декинг и фасади од термички модификувано дрво (ThermoWood®)
    • Технички винил подови за здравство и образование
    • Спортски подлоги, гумени стази и терени
    • Текстилни теписони и плочки со акустични својства
    • Линолеум и хетерогени подови за комерцијални објекти

Она што нè издвојува од останатите е тоа што не се стремиме кон масовна продажба, туку кон вредност и уникатност. Работиме исклучиво со производи кои имаат долгорочна естетска и техничка вредност, внимателно селектирани за да им понудат на архитектите, дизајнерите и инвеститорите бескрајни можности за креативен израз и прецизна реализација.

Ние не гледаме на подот како на „површина“, туку како клучен дизајнерски елемент што го дефинира просторот. Нашиот пристап е да понудиме консултативна поддршка, реална логистика и целосно партнерство во секој чекор – од изборот на материјал до финалната изведба.

 

 

Кои брендови ги застапувате, кажете ни подетално за нив?

Нашите партнери се врвни европски брендови, внимателно селектирани поради нивниот квалитет, иновации и дизајнерска флексибилност. Секој од нив нуди нешто што недостасувало на македонскиот пазар – уникатен пристап кон подните решенија кој овозможува архитектите и инвеститорите да креираат простори со јасен идентитет и трајна вредност.

  • Amtico (Велика Британија)
    Глобален лидер во LVT (Luxury Vinyl Tiles) и SPC Click подови, со повеќе од 50 години искуство. Одбравме да соработуваме со Amtico бидејќи тие нудат неспоредлива дизајнерска слобода – стотици текстури, lay-out шеми и боји, како и уникатен “motif” систем со кој буквално може да се „нацрта слика на подот“. Со тоа, Amtico го претвора подот во активен дизајнерски елемент – нешто што е реткост на нашиот пазар.
  • Scheucher (Австрија)
    Производител на висококвалитетен трослоен паркет со над 100 години традиција. Scheucher го избравме поради нивната способност да комбинираат префинета естетика со техничка стабилност. Нивниот еко-пристап, избор на природни дрвени финиши и опции за различни шеми (вклучувајќи херингбон) го прават идеален избор за ентериери каде се бара топлина, луксуз и трајност.
  • Agglotech (Италија)
    Водечки европски бренд за террацо базиран на цемент и природен камен. Со Agglotech донесуваме на пазарот террацо што изгледа истовремено традиционално и модерно – со моќен визуелен карактер, монолитен изглед и издржливост. Ги одбравме поради нивната експертиза и флексибилност – погодни се за сè: од јавни објекти до бутици и приватни ентериери.
  • Tantimber (Турција)
    Еден од ретките производители специјализирани за термички модификувано дрво (ThermoWood®). Нудат дрвени решенија за decking и фасади кои се визуелно природни, технички стабилни и отпорни на климатски влијанија – без никакви хемикалии.
  • Tarkett (Франција)
    Tarkett е глобално познат бренд со огромно портфолио – од винил, линолеум и текстил, до спортски и здравствени подови. Особено горди сме што ние бевме првите што го донесовме Tarkett на македонскиот пазар уште пред 30 години, отворајќи ново поглавје во квалитетната подна индустрија кај нас. Денес, Tarkett останува стандарден избор за институционални и комерцијални проекти со висок интензитет на употреба.
  • Graboplast (Унгарија)
    Специјализирани за технички винил подови со висока отпорност и антибактериски својства. Особено применливи во болници, училишта, сали и мултифункционални простори. Ги избравме поради нивната фокусираност на хигиена, практичност и долготрајност – вредности кои се исклучително важни за современите јавни објекти.
  • KDF (Грција)
    Производител на сертифицирани спортски подлоги, гумени стази и терени. Препознатливи по својата експертиза во спортска инфраструктура – од сали до игралишта на отворено. Нив ги застапуваме со цел да понудиме целосно решение за спортски објекти што бараат функционалност, еластичност и отпорност.
  • Tapibel (Белгија)
    Нов партнер кој нуди теписони и текстилни плочи со нагласен дизајн и акустични својства. Совршен избор за хотели, деловни и образовни простори. Tapibel е одбран затоа што нуди балансирано решение меѓу визуелна мекост и техничка перформанса, што го прави исклучително применливо за урбани и комфорни простори.

Сите овие брендови ги застапуваме ексклузивно за македонскиот пазар, со што овозможуваме архитектите, дизајнерите и инвеститорите да работат со производи што не се достапни на друго место во регионот – но сега се достапни со целосна поддршка, консултации и реална логистика преку LuxFloors. Ние не нудиме само производ – туку вистински партнер во дизајнот и реализацијата.

 

 

Дали покрај продажбата нудите и стручна поддршка, изведба и совети за користење?

Апсолутно. За нас, проектот започнува од идејата и завршува дури кога клиентот ќе зачекори на завршениот под. Нудиме техничка поддршка, консултации при изборот, изработка на mock-up панели за презентација пред инвеститори, како и препорака на искусни изведувачи.

Дали македонскиот пазар го препознава вашиот квалитет и дали има доволно побарувачка за ексклузивни производи?

Да, но тоа е процес кој го градиме со посветеност. Македонскиот пазар станува сè позрeл и се повеќе архитекти, инвеститори и приватни клиенти почнуваат да го ценат долгорочниот квалитет пред ниската цена. Во тој контекст, гледаме растечка побарувачка за уникатни, одржливи и естетски супериорни решенија.

 

 

Колку е значајна соработката помеѓу вашата компанија и архитектите?


Огромно значење. Архитектите се креаторите на просторите во кои ние сме само дел од сложувалката – но дел што може суштински да го поддржи нивниот креативен израз. Нашата задача е да понудиме материјали кои не само што се технички усогласени со проектот, туку и да отворат нови хоризонти во дизајнот.

Брендовите со кои работиме им овозможуваат на архитектите буквално бескрајни можности за комбинации, текстури, шеми и завршни обработки, што им дава целосна слобода да создадат уникатни простори, целосно усогласени со визијата на проектот.

Затоа, соработката со архитектонските студија е клучна за нас – не само како деловен однос, туку како заеднички процес на креирање. Ние не гледаме на архитектите само како клиенти, туку како вистински партнери, чии идеи ги поддржуваме и вреднуваме – не само со материјали, туку и со постојана поддршка, технички ресурси и обострано призната соработка.

Често велиме: кога архитектот има „слободно платно“, нашите производи се боите – а успехот го делиме заедно.

 

 

Кои се позначајни проекти во кои сте учествувале на домашната сцена?

 

Преку нашето досегашно искуство, учествувавме во реализацијата на некои од најзначајните објекти на домашната сцена.

Меѓу нив се издвојуваат новиот Драмски театар и Филхармонијата на Македонија – објекти каде што беше неопходна голема прецизност и усогласување со високите архитектонски стандарди.

Работевме и на Салата „Борис Трајковски“, Универзитетот „Мајка Тереза“, како и на повеќе здравствени установи, меѓу кои Клиниката за кардиологија и Клиниката за детски болести во Скопје како и на Клиниката за хируршки болести “Св. Наум Охридски”-Скопје каде се бараше да се исполнат највисоките здравствени стандарди за подни облоги.

Исто така имаме поставувано од нашите подови во голем број на детски градинки и училишта низ државата.

 

Секој проект носеше свои специфични предизвици и барања, што дополнително го обликуваше нашиот пристап кон квалитетот, издржливоста и деталната изведба – вредности кои денес се основата на LuxFloors.

Кои се следните планови на LuxFloors, дали може да очекуваме најава за некој нов производ на пазарот?


Во моментов, сме силно фокусирани на развој и промоција на две категории во кои веруваме длабоко – LVT и Terrazzo. Забележуваме значаен камбек на Terrazzo материјалите во архитектурата и ентериерниот дизајн, и токму тука нашата ексклузивна соработка со Agglotech (Италија) му нуди на македонскиот пазар нешто навистина уникатно, современо и визуелно моќно.

Истовремено, соработката со Amtico (UK) ни овозможува да понудиме LVT решенија кои немаат конкуренција во однос на дизајн, текстури и креативна слобода – идеални за архитектите што сакаат да остават личен печат во секој проект.

Работиме и на проширување на понудата со нови, ексклузивни паркет материјали и теписи со дизајнерски пристап, кои ќе им овозможат на нашите клиенти уште поголема разновидност и прецизност при дефинирање на просторниот идентитет.

Нашата визија останува јасна: да бидеме партнер на архитектите и инвеститорите во градење простори што се не само убави, туку и паметно осмислени, трајни и инспиративни.

Посакуваме успешна соработка и едно ново подглавје во работата на македонската сцена!