Анализа на материјали – LVT (Luxury Vinyl Tiles) подни плочи

Во денешната објава даваме фокус на градежните материјали, односно правиме анализа на LVT плочите како модерна и современа подна облога.

 

LVT плочите (Luxury Vinyl Tiles) се подни плочи кои се дизајнирани да го имаат естетскиот изглед на вистинско дрво и вистински камен, додека нивниот состав додаваат многу практични предности во однос на другите видови на подови. Овој тип на под, кој често се нарекува и “Click Vinyl” или “Click system”, се произведува во форма на плочи (tiles, со повеќе димензии и пропорции) или даски (planks, со груба димензија од 12x120cm). LVT плочите се сеуште релативно нов производ во градежната индустрија и се еден од најбрзо растечките продукти на пазарот на подови. Поради нивната предност во однос на плочките или ламинатните подови, особено во делови каде е присутна вода, тие стануваат се почест избор на клиентите кои бараат долготрајно и сигурно решение.

 

 

 

 

Како се произведуваат LVT подовите?

LVT подовите најчесто се произведуваат од повеќе слоеви на PVC винил. PVC винилот се меша со различни соединенија кои влијаат на неговата цврстина. Овие слоеви на винил се внимателно компресирани додека додека се суспендирани во течност. Смесата потоа се суши преку апликација на топлина и воздух, а резултатот на ова се цврсти и издржливи плочи од винил. Завршниот слој е вообичаено со релјефен финиш што одговара на дизајнот на подот кој ја емитира текстурата на дрво, камен, метал или друго дизајн. Ова додава на реализам на подот.

 

 

LVT подовите потоа добиваат безбоен винилен или уретански слој на крајот на производниот процес кој додава дополнителна заштита и комфор на завршниот производ. Печатен декоративен слој со посакуваниот дизајн се сврзува со винилот. Ригидните LVT плочи се вообичаено подебели и имаат click system кој ја олеснува инсталацијата.

Новите напредоци во Green технологијата го подобруваат производството на LVT подовите со користење на рециклирана пластика и дрво во материјалите во изработката на основата на винилните композити.

 

 

Зошто LVT подовите се толку тенки?

LVT подовите можат да се со дебелина од 2mm до 8mm. Во зависност од продуктот, завршниот слој може да биде со дебелина од 0.1mm до 0.6mm. За споредба, просечните ламинатни подови се со дебелина од 7-12mm. Причината за малата дебелина е големата густина на материјалот која се постигнува при пресувањето на винилот. Механички гледано, 4mm компресиран винил има поголем коефициент на compressive strength отколку 8mm HDF (High Density Fibreboard/Hardboard) и следствено нема потреба од поголема дебелина на винилните подови. Со просечната дебелина од 6.5mm, LVT подовите се повеќе од потребно отпорни на голем интензитет на користење во домашни и комерцијални услови.

 

 

Кои се намените на LVT подовите?

Затоа што се направени од PVC, тие се идеални за простории со умерено и интензивно користење. Тоа ги вклучува објектите за домување, комерцијалните и канцелариски простори, како и индустриските објекти со одредени продукти. Истотака овој производ не пројавува никакви проблеми со влага и вода што го прави погоден за кујни, трпезарии и бањи. Повеќеслојноста на продуктот ја гарантира стабилноста на секоја плоча одделно и овозможува да остане рамен подот и при присуство на вода.

 

 

Монтажа на LVT подовите

Има два главни принципи на монтажа. Првиот начин се нарекува loose lay click system кој е сличен на начинот на кој се монтира ламинатот кој бара филц под подот. Вториот начин е на база на лепење со специјални адхезиви за винилни подови. И двата принципи бараат подлогата да биде рамна или приближно до целосна рамнина.

 

 

Бенефитите на LVT подовите:

  • Луксузен изглед
  • Водоотпорност
  • Голема механичка издржливост
  • Топол под
  • Голем избор на дизајни
  • Мала дебелина
  • Идеален за комерцијални и резиденцијални објекти
  • Создаден од рециклирани материјали