Подобрување на емисиите на јаглерод диоксид при производството на бетон со додавање на сода бикарбона

Тим на истражувачи од МИТ откри дека додавањето на оваа евтина состојка во бетонот може да го намали количеството на јаглерод диоксид што се создава при неговото производство.

По водата, бетонот е материјалот кој најмногу се троши во светот и претставува голема основа во областа на градежништвото, а од друга страна влијанието на бетонот врз природната средина е  штетно. Како градежен материјал, бетонот има многу предности,  некои од нив се издржливоста, лесен за производство и релативно ефтин материјал.

Меѓутоа, неговиот недостаток е тоа што не е еколошки во неговата конвенционална форма, т.е. состав. Сепак, човек од нашиот регион  тврди дека има решение за овој проблем.

 

Хемиската реакција како поголем предизвик

Додека процесот на согорување може да се префрли од користење фосилни горива на користење електрична енергија од обновливи извори, друг фактор што придонесува за емисиите на јаглерод диоксид е хемиската реакција, која претставува поголем предизвик.

Минералната смеса се загрева на температура над 1.400 степени целзиусови,  трансформирајќи се од калциум карбонат и глина во мешавина од клинкер, односно калциум силикат и јаглерод диоксид. Овој јаглерод диоксид се ослободува во воздухот при самиот процес.

 

Илустрација: MIT

 

Со текот на времето, јаглеродниот диоксид во атмосферата реагира со калциум оксидот во бетонот, минерализирајќи го јаглеродниот диоксид во калциум карбонат во процес познат како карбонизација. Овој процес е, може да се каже, обратно од она што се случува кога се прави бетон.

Додека карбонизацијата му овозможува на бетонот да го зароби (заробува и складира) јаглеродниот диоксид, исто така може да го ослаби бетонот, особено зацврстениот бетон, со намалување на неговата внатрешна алкалност и кородирање на челикот што се користи како арматура.

 

Напреден концепт на мултифункционален бетон

Тим од истражувачи на МИТ смислил начин како да се справи со прашањето на јаглерод диоксид во раните фази, при мешање и истурање на бетонот, пред бетонот дури и да се стегне, со воведување на многу евтин материјал, натриум бикарбонат, инаку познат како сода бикарбона.

Истражувачите откриле дека со додавање на натриум бикарбонат, дури 15% од вкупната количина на јаглерод диоксид поврзан со производството на цемент може да се минерализира во раните фази.

Композитот, кој е сосема нов материјал, што го користат истражувачите е мешавина од калциум карбонат и калциум силициум хидрат.

 

Profesor Admir Mašić; Foto: cee.mit.edu / превземено од gradnja.rs

 

„Сето ова е многу возбудливо затоа што нашето истражување го унапредува концептот на мултифункционален бетон со инкорпорирање на дополнителните придобивки од минерализацијата на јаглерод диоксид за време на производството и лиењето“, изјави водачот на студијата, професор Адмир Машиќ за MIT News.

 

Проблемот стана дел од решението

„Новиот“ бетон може да се пофали со фактот дека стврднува побрзо и без губење на механичките перформанси. Ова исто така значи дека работните обврски во градежната индустрија би можеле да се завршат побрзо.

Мора да се нагласи дека карбонизацијата на бетонот во рана фаза не е нешто ново, но откритието на истражувачите од МИТ се фокусира на способноста за екстракција на јаглерод диоксид во фазата пред стврднувањето.

„Нашето ново откритие може дополнително да се комбинира со други неодамнешни иновации во развојот на бетонски мешавини со помал јаглероден отпечаток за да обезбеди многу позелени, па дури и јаглеродно неутрални градежни материјали со претворање на бетонот од проблем во дел од решението“, изјавил Масиќ, кој е родум од Босна и Херцеговина.

 

Овој текст е преведен од оригиналниот на српски јазик, чив автор е Анѓела Алексиќ,  напишан за gradnja.rs

насловно фото: Designed by Freepik