Државен Архив – Охрид / Константиновски

Локација: Ул. Никола Карев, Охрид

Автор: Георги Константиновски

Година: 1979

Фото: Борис Јурмовски

Извор: Државен Архив на Р. С. Македонија; „Патот на еден архитект“

 

 

Архивот во Охрид е формиран во 1951, а по 1990 година се трансформира во Подрачно одделение во рамките на Државниот архив на Република Македонија. Со својата дејност ги покрива општините: Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Кичево, Другово, Осломеј, Вранештица, Зајас, Дебар и Центар Жупа. Новата наменска зграда е изградена во 1979 година.

 

 

 

 

Проектот за Архивот на Охрид е дело изработенo како последица од претходните проекти на Константиновски изработени за архивите во Скопје и во Штип. Просторната концепција на овој архив е идентична со онаа на архивот во Штип.

 

 

 

Административните простории се сместени во висок габарит (П+4), а депото во низок габарит (П+2). Овие два габарити во однос на меѓусебната положба се поставени дијагонално како резултат на неправилната форма на парцелата.

 

 

 

Во надворешното обликување на овој архив се рефлектира богатата историја на овој древен град односно преку своите форми го одразува градителството од времето на цар Самоил, старата градска охридска куќа и современото градителство.

 

 

Архивот денес

 

Технички цртежи

 

Архивска фотографија