Компаративни визури на Охрид

Градовите се комплексни организми подложни на постојани промени, развој и пропаѓање. Најголемите промени во изгледот на градовите се случуваат во втората половина на 20 век со брзиот развој на општеството и растењето на популацијата, промена која го променува ликот и потребите на истите.

Градовите кои имаат големо присуство на елементи од културното наследство и традиционална архитектура исто не се имуни на овие општествени промени. Охрид како еден уникатен пример на таков град кој е и туристички центар во Македонија е изложен на уште поголем притисок на урбанизација и развој. Долунаведените фотографии ги документираат и прикажуваат некои од промените на градското ткиво.

 

 

Сегашните фотографии се направени од страна на Мартин Ефремовски во текот на 2016 година.
Дел од архивските фотографии се превземени од ФБ групата ОХРИД СЛИКИ ОД МИНАТОТО