Стефано Перего во Скопје

Фотографии: Васе Аманито

Во просториите на Музејот на современа уметност, а во организација на Мелеем од Скопје, имавме прилика да го проследиме накусо материјалот кој го гради италијанскиот фотограф Стефано Перего.

Предавањето го отвори професорот Јован Ивановски од Архитектонскиот факултет, со еден увод на фотографијата од перспектива на архитект.

Скопје по земјотресот било многу добро фотографски документирано за секоја измена, дури имало и платен фотограф кој бил задолжен од градот за таа цел. Исто така наведе и пример како при некое истражување кое неодамна го правеле дознале дека македонскиот фотограф Александар Кондев секојдневно движел заедно со архитектот и го документирал целиот процес на изведба.

Направи мала споредба од времето кога тој студирал архитектура, фотографијата во тоа време била можеби и единствен медиум кој професорите од архитектонскиот факултет лично ги креирале каде што тие патувале за да можат тоа да им го презентираат на студентите, за разлика од денес каде достапноста на материјали е насекаде околу нас.

Стефано покрај прекрасната презентацијата на неговите фотографии, го презентираше и неговиот метод на работа. Кој се состои од неколку месечено истражување и планирање пред да се тргне на патување, кое најчесто трае само неколку денови, а на кое патување во текот на еден ден може да посети односно фотографира па дури и до 50-тина објекти.

За него фотографиите кои ги изработува имаат само визуелна вредност од специфични објекти.

Стефано додаде дека користи дигитална фотографија, при што наведе дека користи три објективи и едно fullframe модерно тело.

 

Исто така презентираше и дел од алатките кои ги користи за пресметување на светлото, односно сенките на дадената локација во однос на објектот и периодот во денот, што дополнително му штеди на пари и време.

Најкористена алатка за пребарување потенцијални нови објекти за фотографирање му се сателитските мапи.

 

Како за крај по неговата презнетација имаше мала дискусија која ја водеше Сара Симоска од Мелеем Скопје.

За повеќе информации можете да ги посетите неговиот web site , Instagram, или Facebook профил.

 

Васе АМАНИТО