Урбан стопански парк / Александар Пејков

Архитектонско студио 8-3
Автор / студент: Александар Пејков
Педагошки тим: проф.д-р Александар Радевски, асс.д-р Горан Мицковски, доц.д-р Јован Ивановски, дем.м-р Марио Баткоски
Локација: Скопје
Година / семестар: 2015 / 8ми семестар

0 - Naslovna

Проектна програма:  
Проектирање на нови типологии на фарми кои ќе бидат лоцирани во урбана средина. Урбаните фарми имаат повеќе едукативен и социјален карактер отколку комерцијален и производен. Фарма за: 10 коња, 14 крави, 50 овци.
Цели на проектот:
Да се истражат различни стратегии  на проектирање на вакви видови на објекти,
Да се одговори на различните потреби на животните,
Да се решат формалните, просторните и техничките проблеми на градбите,
Фармите да бидат енергетски,  еколошки и одржливи.

2 - ANALIZA

Образложение на проектот 
Архитектот има можност да го промени, а со тоа и подобри светот, се што треба е постојано да иновира и да усовршува.
Измена на програмата: 10 коња со ждребиња, 11 крави со телиња, 25 овци со јагниња, 25 кози со јариња, 8 кокошки и петли, 6 патки, 4 мисири и мисирки.

1 - pocetna
Акцентот го ставам на самиот наслов на проектот:
УРБАН (во рамките на урбана средина, не мириса бидејќи користи иновативна ѓубришна јама и осочара, на корисниците им се нуди визуелно само тоа што им е потребно и со помош на тоа животните уживаат приватност а луѓето спокој поради визуелно прочистениот терен)
СТОПАНСКИ (животните имаат специфични потреби и проектот целосно одговара на нив додатно при користење земја како гр.мат. и со тоа што им се дава скоро до максимална слобода при што можат денски да бираат кај ќе го поминуваат своето време, под стреа, покрај луѓето или на ридот над стаите)
ПАРК (ова сепак е парк, простор наменет за сите возрасни групи, родители и пензионери со мали дечиња, деца кои си играат, парови, друштва, пензионери, бизнисмени, спортисти итн. Додадени се 2 рампи и мост кои ги поврзуваат стазата на кејот со локацијата при што максимално е овозможен пристап од сите страни кон локацијата).

1 -posle prvata
3 - SITUACIJA G

 

4 - SITUACIJA M

5 - Farma 5

6 - Farma

7 - Farma

8 - Osnova R
Специфичности во проектот: 
– Главниот пристап од југ е булевар и поради проблеми со бучава, загадување и визуелна иритација проблемот е решен со монументани ѕидови од набиена земја, ридови со коти +1,50м и -1,50м кои се користат за фокусни точки, зеленило и база од која ,,никнуваат’’ специјално дизајнираните клупи кои се дел од нив(набиена земја).
– Администрација и ресторан кој има можност да ги услужува гостите и вон своите граници
– Со користење ортогонална мрежа, мимикрија, органска архитектура и психолошки истражувања добиен е хибрид од површини(зелена површина, економска улица и 4 степени на комуникации) кои ги предвидуваат движењата на корисниците и притоа ги охрабруваат поинтензивно да ги разбудат љубопитноста и чувството за авантура.
– Човечкото битие има можност да се ,,стави‘‘ во кожа на животните и за момент да се почувствува беспоможно и целосно како роб на туѓата воља (исто како што се најголемиот дел од животните кои се одгледуваат во модерниот конзумеристички свет). Истотака животните бидејќи уживаат во скоро целосна слобода имаат можност да имаат интеракција меѓу себе на начин најбиску до природниот, истотака и можат да контактираат со посетителите само по своја воља. Малечко детенце кога ќе види животно одма иде кон него за да го гушне а во случајов животното самото ќе дојде кон него.
– Клупите кои ,,растат‘‘ од надземните ридови се со посебна позиционираност и димензии согласно со психолошките потреби и очекувања на корисниците.
– Поради потребата на простор за друштва дизајнирани се 3 ридови со кота -1,50 со мебел кој е остаток од ископината на самиот рид.
– Има специфичен механизам за испорака на храна кон највисоката точка на секоја стаја, и притоа истата конструкција органски се формира при што се користи за природна вентилација, сенка за животните што јадат на ридот, заштита од дожд и гранки од посадените дрвја.
– Оградата е транспарентна целосно или делумно, не бев во можност да најдам производ на пазарот од овој тип.
– Дрвјата кои се насадени на ридовите се од различни врсти (праска, кајсија, смоква, цреша, вишна, лешник, бадем, дренка итн) со цел посетителите слободно да си наберат плод кога некое од дрвјата е во фаза на зреење.

9 - 4 sliki 1

9 - 4 sliki 2

10 - 3

10 - 20

10 - 19

10 - 18

10 - 17

10 - 16

10 - 15

10 - 1

10 - 11

10 - 12

10 - 13

10 - 14
Ги почитуваме луѓето кои имаат силно изразен карактер, а ги сакаме тие чиј карактер е +/- сличен на нашиот. Со тоа што му даваме ,,личност’’ на објектот стигнуваме поблиску до тоа тој да биде многу повеќе прифатен од корисниците, отколку пасивен и секојдневен кој предизвикува чувство на монотонија и прифаќање на просечното.

11 - model1

11 - model2

11 - model3

11 - model4

Автор на статија: