Продолжен рокот и променет фондот на награди за конкурсот за фабриката „Треска“
29.07.2021 • Информации
По официјално упатените забелешки до Општина Центар, од наша страна во име на читателите и фелата, како и по реакциите на повеќето, општината се огласи позитивно.
Забелешките се прифатени и притоа конкурсниот рок е продолжен до 1.10.2021 година, додека наградниот фонд се зголеми и изнесува:
1 место: 492.000,00 денари во нето износ;
2 место: 369.000,00 денари во нето износ;
3 место: 246.000,00 денари во нето износ;
додека 3те откупи остануваат со истата вредност од 30.000 денари.
Ова е вистински редок пример како од аспект на распис, така и за позитивно прифатени забелешки од фелата за нашето општество. Се надеваме дека професијата ќе земе активно учество и ќе ги презентира своите визии пред пошироката јавност како можеме поинаку.
Автор на статија: Filip Koneski
Конкурс / Општина Центар / продолжен рок / промена на награден фонд / Фабрика „Треска“