MOOD WORKSHOP – Tbilisi Architecture Biennial
17.12.2021 • Урбана опрема
Ментори: Сара Симоска, Илија Стефановски
Rhino expert: Кристијан Ристоски
Студенти: Тамари Кенчошвили, Анастасија Ристеска, Доган Чорба, Зизи Адемиа, Анастасија Радовановиќ, Наташа Димова, Елена Немсаџе
Изведувачи: Матеа Мијановиќ, Митко Дамјановски, Кирил Величков
Фотографии: Борис Јурмовски
Во дворот на основното училиште Петар Поп Арсов во Скопје, неодамна се постави урбаната интервенција MOOD Workshop од МЕЛЕЕМ Скопје која што е дел од проектот Архитектонско Биенале Тбилиси – „Што имаме заедничко?“
Овој проект е соработка помеѓу четири града: Скопје, Тбилиси, Киев и Берлин. Проектот има за цел да истражи што имаме заедничко помеѓу овие градови, но и што имаме заедничко во јавниот простор?
Проектот е создаден за време на 7 дневна онлајн работилница каде учествуваа студенти по архитектура од Скопје и Тбилиси. За време на оваа работилница подетално се разработуваше темата MOOD, или какви расположенија јавните простори предизвикуваат кај нас?
Интервенцијата која е резултат на проектантскиот процес, е работена како параметрички дизајн, што е прва примена на истиот во јавен простор во Македонија. Изработката на локација траеше 3 недели, со оглед на сложеноста на проектот.
Проектот е кофинансиран од програмата на Европска Унија Креативна Европа и Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Автор на статија: Filip Koneski
MOOD WORKSHOP / Tbilisi Architecture Biennial / училиште Петар Поп Арсов / Што имаме заедничко