Млинот на Исмаил Паша во Битола
25.01.2022 • ХХ век / I половина
Автор: непознат
Година: Крај на XIX век / почеток на XX век
Локација: Битола
Извор: Државен архив – Одделение Битола / babambitola.mk / Васко Гичевски /
Пред 2 дена се случи пожар во Млинот на Исмаил Паша во Битола. Објектот е познат и како Жито Битола, инаку изграден на почетокот на XX век.
На темата за порталот babambitola.mk историчарот Васко Гичевски, ќе изјави: „Овој објект на македонската историографија и е познат и обработуван уште од самиот нејзин почеток. Првата поопсежна анализа ја добива во докторската дисертација на Данчо Зографски под наслов.“Развитак капиталистичких елемента у Македонији за време турске владавине” Докторска дисертација-Скопје, 1962. Токму 60 години по неговото прво споменување во научната мисла, објектот изгоре.
Потоа се редеа книги, статии, написи, воопшто кој и да пишувал за индустрискиот и економскиот развој на Битолскиот вилает неодминливо ќе го спомене и млинот на Исмаил бег, бидејќи како најсовремена мелница едноставно е неизбежен моментум од стопанската историја. Сепак се тоа не беше доволно за да се изготви, соодветен елаборат, па да се направи и историјат и објектот да се заштити. Последните 30 години од својот живот ги мина како ничија своина која во транзициониот период беше раздавана, на еден, друг или пак трет сопственик.“
Темата за градителското наследство, постојано ја отвораме и апелираме за истата. Овој случај ја одржува актуелна низ призма на негативните случувања. Колкава е штетата и што ќе биде иднината на овој објект, останува да видиме.
Во контекст на случувањата, Државниот архив – Одделение Битола, објави неколку архивски фотографии од објектот:
Автор на статија: Filip Koneski
XIX век / Битола / Индустриска архитектура / Исмаил Бег / Млин