АФС започнува со деканската серија на предавања

Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ започнува со пролетното издание на Деканската серија на предавања на 19-ти април, 2022 година.

Серијата на предавања ќе започне со предавањето на проф. д-р Албена Јанева, директор на Manchester Architecture Research Group (MARG), Manchester Urban Institute, кое ќе се одржи во вторник, 19 април, 2022 година, со почеток во 12.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Второто предавањето во серијата е на Матевж Челик, архитект, истражувач и поранешен директор на МАО, Музејот за архитектура и дизајн во Љубљана кое ќе се одржи во среда, 4-ти Мај, 2022 година.

Третото предавање е на проф. д-р Лис Вернер од ТУ Берлин кое ќе се одржи во четврток,12-ти мај, 2022 година.

Четвртото предавање е на Петер Сагасер, архитект и истражувач од Берн кое ќе се одржи во четврток, 19-ти мај, 2022 година.

Сите предавања ќе се одржат со физичко присуство во Амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Извор >>>