5 меѓународен конгрес и изложба ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА – ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Комората на овластени архитекти и овластени инженери, известува  дека од петок 7 до недела 9 октомври 2022 година во Југословенска кинотека , на ул. Узун Миркова 1, во Белград ќе се одржи јубилејниот Петти меѓународен конгрес и изложба ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА – ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ – SAEE 2022.

Манифестацијата ќе биде придружена со предавања, изложби, работилници, панели и други мултимедијални презентации. Конгресот овозможува оптимални услови за учество и промоција на вашиот бренд, услуги и производи.

Повеќе информации за манифестацијата дознајте на официјалната страна >>>