„Коноид“ / Градски Парк Скопје

Автори: Бојан Каранаков, Александар Радевски, Филип Велкоски, Борјан Менкиноски (архитектура), Денис Поповски (статика), Маја Минчов (електрика)

Година: 2020-2022

Локација:  Градски Парк, Скопје

Фотографии: Борис Јурмовски  /2022/

 

 

 

Летната сцена сместена спроти Сточарски Институт, е една од локациите за отворени сцени за кои беше распишан конкурс од Град Скопје во Мај-Јули 2020та година, под чие покровителство е и изведбата.

„Коноид“ под чија шифра се води овој предлог за втората локација од трите летни сцени, е една од трите добитни решенија за урбана опрема од ваков карактер (покрај останатите победнички решенија „ОМММ“ и „Конус“)

Поставена на ниска армирана бетонска бина, изведена како челична конструкција со дрвени талпи,  претставува урбана опрема во рамките на градскиот парк за одржување настани од отворен карактер, опремена со мобилни клупи во зависност на потребите и активностите кои лесно можат да се поместуваат, и притоа со мала интервенција да се трансформира во зависност од настаните одржани на неа.

Во однос на околината, таа е транспарента и дозволува зеленилото во околината да се зачува, вметнувајќи се без да ја нарушува вегетацијата која всушност ја инкорпорира во нејзината содржина. Илуминацијата на оваа сцена е изведена со вметнување на лед светлосни тела во нејзината конструкција.

Веќе можеме да забележиме дека е посетена локација, и се почесто го завзема своето место во секојдневните активности на посетителите на Градски Парк.