Од ископувањата на Марково Крувче – Средновековен град Чрнче
04.11.2022 • VI-XV век
Македонската радио и телевизија, тогаш Телевизија Скопје е вистинска ризница на материјали значајни за македонската историја и култура. Во минатото овој јавен сервис, вистински го следел движењето на домашната сцена преку својата документаристичка програма.
На YouTube каналот [Liberty or Death] наидовме на материјал за истражувањата на средновековниот град Чрнче или попознат како Марково Крувче на Водно. Утврдувањето кое служело како прибежиште и засолниште за скопската елита и позиција од која се набљудувале движењата во скопската котлина е сеуште недоволно познато за пошироката јавност.
3D реконструкција на Чрнче – Управа за заштита на културното наследство
Неговиот потенцијал за реконструкција, а со тоа и рестартирање на една културна точка од минатото е тема која ја имаме отворано и претходно, и за која ветуваме уште неколку објави со наши видувања.
Во видеото говорат вклучените во процесот на истражувањата, (меѓу кои и професорот Микулчиќ), како на локацијата така и во музејските простории пред реконструираните археолошки предмети.
Доколку сте заинтересирани повеќе за ова утврдување, прочитајте повеќе во специјалната објава за Марково крувче >>>
Автор на статија: Filip Koneski
Замок / Ѕидини / Марково Крувче / средновековен град / средновековно Скопје / Тврдина / Утврдување / Чрнче