Душан Џамоња / 1928 – 2009

Душан Џамоња (Струмица , Македонија на 31 јануари 1928 – Загреб, 14 јануари 2009) e  вајар и автор на архитектонски проекти за музеи, споменици на културата, галерии, висококатници и џамии.

Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1940-тите години, живеел и работел во Брисел, Врсар и Загреб. Првата изложба ја имал во 1954. година. Добитник е на многубројни признанија за својата работа.

Главно работел со бронза, железо, челик и алуминиум. Неговите монументални и главно апстрактни скулптури се изложувани на Плас Вандом во Париз, Праса де Комерсио во Лисабон, пред Палатата на правдата во Брисел и во Лондонскиот Риџентс парк.

За неговата меѓународна кариера особено значаен бил настапот на 30. Венецијанско биенале (1960. год.) кога бил номиниран за Големата награда на биеналето и со тоа го освоил вниманието на меѓународната критика.

Бил избран за член на Српската академија за науки и уметности во 1988., а во 2004 и на Хрватската академија за науки и уметности.

Неговото творештво опфаќа голем број скулптури, споменици, културни центри и други значајни дела од времето на Југославија. Како најзначајни ги одвојуваме:

 

  • Споменик на ослободувањето на Истра, Пазин во 1951 година
  • Споменик на паднатите борци, Славонски брод во 1951 година
  • Споменик на непознат политички затвореник, Загреб во 1953 година
  • Споменик на ослободителите на островите Крес и Лошињ, Мали Лошињ во 1955 година
  • Споменик на џелатите во Јајинци во 1957 и 1980 година
  • Споменик на жртвите од декември, Загреб во 1961 година
  • Комеморативни гробишта во кампот Дахау во 1959 година и Дахау 2 во 1964 година (проект)
  • Споменик на револуцијата во Мославина, Подгариќ во 1967 година
  • Споменик на жртвите на фашизмот во Подхум, кај Риека, 1968 година (проект)
  • Споменик на битката кај Стубичка 1573, 1969 година (проект)
  • Споменик на револуцијата, Козара – Мраковица во 1972 година
  • Споменик на победата и жртвите на Сремскиот фронт во 1974 година (проект)
  • Споменик на Едвард Кардељ, Сисак во 1980 година
  • Споменик на паднатите борци, Јошан во 1980 година

 

Споменик на револуцијата во Подгариќ, Хрватска, 1967

 

Споменик на револуцијата, Козара, Босна и Херцеговина, 1972
Историска фотографија од споменикот

 

Спомен костурница на паднатите југословенски партизани, Барлета, Италија, 1970

 

Споменик на жртвите од декември, Загреб, Хрватска, 1960
Историски фотографии и концептуален цртеж

 

Цветен споменик, Јасеновац, Хрватска, 1966

 

Проект за облакодер, Њујорк, 1985 (нереалзииран)

 

Џамија во Риека, Хрватска, 2013

 

“Скулптура 73“, Врсар, Хрватска, 1973

 

“Скулптура LXX“, Врсар, Хрватска, 1990ти

 

Споменик на одредот во Брезовица шума, Хрватска, 1981

 

Концепт за споменикот на Јоспи Броз Тито, Задар, Хрватска, 1982

 

Користени извори:
wikipedia.org; spomenikdatabase.org; youtube.com

Автор на статија: