Каталог: II биенале на македонската архитектура – БИМАС / 1983 година

Каталог: II. Биенале на Македонската архитектура,
Сојуз на друштвата на архитектите на Македонија

биенале на македонската архитектура каде се изложуваат проекти и реализации од областа на архитектурата, урбанизмот, внатрешната архитектура и дизајнот. : 14 – 28 Февруари 1983

Организационен одбор:
Александар Смилевски, арх – претседател
Александар Николски, арх.
Александар Кочишки, арх.
Ленка Јанева, арх.
Васил Иљов, арх.
Душка Шуловиќ – арх
Боро Влахчев – арх
Јанко Гугушевски – арх
Соња Панчевска – кутос
Трајче Ружиновски – студент
Венцеслава Гаврилска арх.

Уредувачки одбор:
Ленка Јанева, арх.
Весна Штербинска, арх.

Одговорен уредник:
Митко Хаџи-Пуља, арх

Знак на БИМАС:
Александар Никољски, арх,
Слободан Живковски

Тираж: 1000 примероци

БИМАС или Биенале на современата македонската архитектура го има својот почеток во далечната 1981 година, културен настан наменет за претстава на македонските градители искажани преку последните архитектонски творби. Сеуште БИМАС останува да биде клучен настан во полето на архитектурата каде се воспоставува диалог помеѓу светските трендови и случувањата на домшаната архитектонска сцена.

По обележувањето на првото Биенале на македонската архитектура како несекојдневен културен настан, БИМАС постанува традиција кое е одраз на опшествените движења и творечки токови во уметноста и архитектурата.
Во зборовите на претседателот на БИМИАС II, Александар Смилевски „Денеска македонската архитектура бележи линија на растеж и потврдување за кое беше потребно и време и вистински резултати до признание и афирмација. Барањето на вистински израз во соочувањето на традицијата со модерната архитектура изоставена е сериозна анализа за односот кон наследсвото и можните врски со „модерната.“ 

Под жири комисијата на Проф. арх. Крум Томовски – претседател, арх. Трајко Димитров – член, арх. Горица Бошковиќ – член, арх. Александар Кочишки – член, арх. Александар Гицов – член, ликовен уметник Никола Фидановски -Кочо и член Кутос Зоран Петровски – член доделени се следниве награди:

I главна награда на биеналето е доделена на објектот „Спомен дом на Разловечкото Востание“ во с. Разловци Автори на проектот се д.и.а. Ѓорѓи Констатиновски, соработник: Маг. арх. Зорица Блажевска, и изведувач е VI Градилиште на Г.П. „Гранит“ Делчево.
Авторот е награден со републичката Борбена плакета за најдобра архитектонска реализација во С.Р. Македонија за 1981 година.

Биеналето доделува и специјални награди за реализирани објекти, во полето на спомениците на културата, реализации во дизајнот, проекти и студии за архитектонски објекти и агломерации како и студенски трудови.

 

 

 

 

Каталогот е превземен и е достапен во дигиталната архива ЗаУм – архива на настани поврзани со современата македонска ликовна уметност.