Последната слободна површина во Малиот Ринг
18.02.2023 • Информации
Позади хотелот „Јадран“ во Скопје, во строгиот центар на градот, се припрема ново градилиште. Граѓаните се незадоволни бидејќи станува збор за последната зелена површина. На парцелата веќе е извршено оградувањето со табла за инвеститорот и објектот.
Како изведувач, според „Сакам да кажам“ се јавува фирмата „Сколимекс“ а одобрението за градба било издадено уште во 2017та година.
Површината за градба била предвидена во Деталниот урбанистички план за „Мал Ринг“ и неговите измени во 2012 година. Негодувањето на станарите од околината се од поодамна но не се земени в предвид.
Автор на статија: Filip Koneski
мал ринг / Последната зелена површина во Мал Ринг / Хотел Јадран / Центар на Скопје