Антички градови во Македонија / Микулчиќ
25.04.2023 • Литература
Наслов: „Антички градови во Македонија“
Автор: Иван Микулчиќ
Издава: Македонска академија на науките и уметностите – Скопје / Макропроект „Историја на културата на Македонија“
Година: 1999
Професорот Иван Микулчиќ е еден од најзначајните истражувачи на античката и средновековната археологија во Македонија. Ви ја претставуваме неговата книга „Античките градови во Македонија“ каде тој ги сублимира неговите осознавања за речиси стотина античките градови, утврдени села, каструми, кастели, па дури и утврдени манастири.
Настрана големиот број на историски факти базирани на долгогодишните ископувања и истражувања на авторот, книгата содржи и голем број на можни реконструкции во форма на тродимензионални цртежи. Голем дел од овие прикази се дело на имагинацијата на проф. Микулчиќ и не треба да се земат како сигурни докази за некогашниот изглед на градбите. Сепак тие се засновани на донекаде логични претпоставки од страна на исклучително школуван историчар, и се одлична алатка за да ги замислиме и разбереме оригиналните објекти.
Книгата е хронолошки структуирана по времени епохи, во кои се разгледуваат сите локалитети заедно со соодветен осврт или заклучок од страна на авторот. Речиси за секој локалитет има графички прилози во форма на документирани основи или пресеци, фотографии или можни реконструкции.
На крајот на книгата среќаваме и попис на сите антички градови во Македонија, како и мапа со нивните локации.
Листа на антички кастели во Македонија
Мапа на антички градови во Македонија
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Антика / Антички град / Археологија / Бразда / Иван Микулчиќ / Скупи / Стоби / Тврдина / Утврдување / хераклеа