Монографија Свети Наум Охридски / Академик Цветан Грозданов

Наслов: Свети Наум Охридски

Автор: Академик Цветан Грозданов

Издава: Редакција ,,Детска Радост” Скопје, Македонија

Одговорен уредник:  Здравко Ќорвезироски

Уредник: Славомир Маринковиќ

Ликовен уредник: Александар Цветкоски

Превод на англиски: Соња Андонова

Цртежи: Крсто Мартиновски

Ликовна-графичка обработка : Александар Цветкоски

Печат: „Нова Македонија “ Скопје

Година: 1995

Публикацијата Св. Наум Охридски претставува монографија на Манастирот Св. Наум Охридски во која се прикажани културните и уметничките слоеви на истиот. Со ова дело Академик Цветан Грозданов го надополнува својата импозантна научна дејност која брои повеќе од  десет исклучително вредни монографии и многу повеќе библиографии единици насочени кон македонската средновековна култура и уметност. За монографијата „Свети Наум Охридски”, академик Цветан Грозданов е добитник на највисоката награда за наука во Република Македонија „Гоце Делчев“ (1996).

Монографијата е за првпат објавена во 1995 година од страна на ,,Детска Радост” за потоа да биде реиздадена од Кулутра во 2005 година и од МАНУ ,,Матица Македонска”, Скопје во 2015 година.

Манастирска црква Свети Наум  @Wikimedia Commons

Содржината се состои од три дела, Во првот дел е претставен животописот на Свети Наум преку еден од најстарите извори што постојат за него. Потоа се опфатени се повеќето просторни и тематски целини од архитектурата на главната манастирска црква посветена на Свети Наум Охридски. Преку извондредни графички прилози и анализи како и истражување во запишаните наоди за црквата и архитектурата, авторот ги изнесува и анализира истите на чист, академски и методички начин.

Основи и пресеци на Манастирската црква Св. Наум Охридски

Вториот дел ги опфаќа сите аспекти на исклучително вредниот фрескоживопис застапен во манастирот „Св.Наум Охридски” Во третиот дел, пак, се говори опширно и за култот на Свети Наум, но не само во рамките  на Охридската архиепископија, туку и на други страни во опкружувањето, а потоа следи култот на Свети Наум и во поновата историја за време на просветителството во Македонија. Монографијата е збогатена со прекрасни фотографии и графички цртежи и анализи кои на свој начин ја документираат и го претставуваат манастирот Св. Наум Охридски.

Куполата на натртексот

Публикацијата можете да ја разгледате на следниов линк : Cvetan-Grozdanov-Sv-Naum-Ohridski-2.pdf

Повеќе за авторот
Академик Цветан Грозданов е роден на 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, група историја на уметноста, каде што во 1961 година дипломирал. Неговиот дипломски труд „Новооткриени средновековни портрети во Охрид“ испитната комисија го оценила со најможна висока оцена и го предложила за објавување (Зборник за ликовна уметност, бр. 2, Нови Сад).

Академик Цветан Грозданов

Академик Цветан Грозданов е автор на повеќе од 300 библиографски единици објавени на македонски и други јазици во домашни и странски стручни и научни списанија. Тој има откриено повеќе средновековни ансамбли на фрескоживописот на Македонија и има идентификувано повеќе историски личности претставени во старата уметност на Балканот. Во целокупниот опус на акад. Цветан Грозданов е присутен интересот за проникнување во византиско-словенските културни врски, пред се во ликовната уметност, почнувајќи од св. Кирил и Методиј и св. Климент Охридски пa сé до XIX век. Научноистражувачката дејност на акад. Грозданов во најголем дел го опфаќа проучувањето на живописот од средниот (9–14 и подоцниот среден век 15–18) во Македонија и во соседните балкански седишта.