Реконструкција на Сава Центарот во Белград

Извор: gradnja.rs, beforeafter.rs, kongres-magazine.eu, n1info.rs
Насловна фотографија: Delta Holding (n1info.rs)

 

*Содржината на оваа објава е преведена и адаптирана од наведените извори

Со реконструкцијата која вреди 118 милиони евра, бисерот на белградската архитектура засјаи со нов сјај. „Да тоа е тој ист простор… но потполно во склад со 21от век!“ – е мисла која поминува додека се чекори по реконструираниот деловен простор на Сава Центарот. Вистинска умешност е да се задржи оригиналната архитектура, да се воведат нови материјали, опрема и технологија и на крајот да се добие простор кој го оддава духот на времето.

 

Во разговор за сајтот gradnja.rs, авторот на реконструкцијата Ивана Летиќ истакнува дека со ослободувањето на поединечните елементи во просторот се внесува светлина. „И тоа е се што беше потребно на ентериерот – да го истакне природната светлина.“

Обновата на Сава Центарот траеше неполни две години, а како резултат е добиен модерен одржлив објект со значајно зголемен капацитет така што Белград сега може да биде домаќин на случувања кои собираат на едно место повеќе од 5000 посетители.

 

Фотографија: Gradnja.rs

 

Како инвеститор, компанијата Делта Холдинг реконструкцијата ја поделила во две фази, со што се копира и самата динамика на градење во 1977 година, така што прво е завршен конгресно-деловниот дел, додека завршните работи од обновата на Сината сала (Plava dvorana) е планиран за средината на 2024 година.

 

 

Фотографија: Gradnja.rs

 

Отворањето на конгресно-деловниот дел се одржа на 14 Ноември 2023 година, кога се одржа Меѓународниот конгрес на нутриционисти со 1500 учесници.

 

Фотографија: Gradnja.rs

 

Со реогранизација на просторот конгресниот капацитет на овој објект е зголемен од 14 на 46 сали, меѓу која е и единствената Immersive sala. Главната хала сега може да прими повеќе од 1000 посетители додека во познатата Сина сала бројот на седишта е зголемен од 3672 на 4000.

Специфичната Immersive сала е прва од овој тип на овој дел од Европа и претставува една од најголемите во својата категорија. Во неа со користење на најсовремените технологии се овозможува проектирање на дигитални содржини во просторот на салата со што се постигнува „нурнувачко“ искуство.

 

 

Просторот на Сава Центарот е поделен на три функционални делови: конгресна зона, деловна зона (канцелариски простор и шопинг зона) и културна зона со Сината сала. Реконструкцијата на конгресниот и деловниот дел траела 22 месеци. Секој ден на градилиштето биле ангажирани во просек 550 работници, додека во одредени фази тој број растел и до 900 работници.

Деловниот дел содржи 45 канцеларии со А класа кои се единствени по количината на природно светло и приватните зелени тераси, додека во шопинг зоната ќе се најдат 36 локали со најголемите светски и домашни брендови.

Во однос на енергетската ефикасност, реконструираниот центар користи речиси 50% помалку електрична енергија благодарејќи на новите трослојни стакла кои осигуруваат одлична термоизолација, додека на кровот на објектот се поставени 912 соларни панели.

Сава Центарот е воедно и првиот објект во регионот кој ќе го има BREEAM сертификатот а со вкупно 17000 m² зелена површина има потенцијал да стане вистинска зелена оаза во средината на главниот град.