Скопската тврдина / Заборавени простори 1

Скопската тврдина, позната и како скопско кале, тоне повеќе од деценија во заборав. Откако се случија етничките превирања околу изградбата на Музејот за средновековниот период на тврдината, политичките власти  одлучија највредниот историски простор во градот да го игнорираат дека постои. Плиткоста на делувањата во нашето општество никако да бидат заменети со зрели и рационални одлуки во кои нема да се мешаат чудните етнички и религиозни пориви.

 

 

На скопската тврдина главната североисточна порта е затворена, блокирана со големи камења, додека мостот е целосно руиниран и небезбеден. Додека чуварот ја пере својата кола и го блокира целосно единствнеиот влез од север, ве прати чувство на неорганизираност и заборавеност. Не постојат правци на движење, не постојат табли со објаснување, не постојат мапи.

 

 

Трите музеи, кои со обемната реконструкција беа планирани, посветени на неолитскиот, отоманскиот и средновековниот период, буквално скапуваат од атмосферските влијанија и неодржувањето.

 

Скопската тврдина е на рутата на сите туристички посети во градот, притоа изнудувајќи сожалување кај посетителите. Не разбирање на ситуацијата на ова прекрасно возвишување од каде се пружа панорама на градот.

Тврдината со потенцијалот заедно со чаршијата и Виргинскиот Рид со вистинска посветеност треба да ги им овозможи целодневна активност на посетителите. Грижата за нашето културно и градителско наследство пред се треба да постои заради нас самите, додека туризмот треба да биде последица на забележаниот однос на заедницата кон сопственото минато.

Како впрочем и сите сегменти од нашето општество така и скопската тврдина е лицето на нашето летаргично постоење… а можности небројни 🙁

Немаме визија!

 

Фото: Филип Конески