Станбени блокови – Железара / Крстев
30.05.2024 • ХХ век / II половина
Биро: Институт за студии и проектирање на РГО „БЕТОН“ -Скопје
Блокови: В10, В10-1, В11, В11-1, В12, В12-1
Автор: Крстев Драган
Соработници: Маркова Тодорка, Димитровска Аница
Година на проектирање: 1981 год.
Година на изведба: 1983-84
Изведувач: ГРО „Илинден“ ООЗТ „Илинденградба“ Скопје
Инвеститор: СИЗ за домување – Скопје
Извор: БИМАС
Позиција на блоковите во однос на Парк шумата „Гази Баба“
„Станбените блокови претставуваат дел од населбата Железара, опфатена во генералниот урбанистички план на Скопје.
Постојниот локалитет е атрактивно градско подрачје кое произлегува како од природните услови (близина на паркот „Гази Баба“, природната конфигурација на теренот), така и релативната близина на центарот на градот.
Постојните објекти во овој дел и даваат особен карактер на станбената зона и идната изградба треба дефинитивно да ја заокружи истата.
Меѓу постојната улица „815“ и новопроектираната сервисна улица на југозападна страна, проектирани се неколку продори и каскадни платформи кои претставуваат површини со повеќе намени.
Основната намена на блоковите е простор за домување (108 стана), додека партерот претставува површина со повеќе намени и тоа: занатска дејност, разни општествени простории, детски игралишта, зелени површини, пешачки стази и други намени кои претставуваат еден архтитектонски ансамблвклопен во постојниот локалитет, а во рамките на урбанистичката концепција на целиот комплекс.“
Автор на статија: Filip Koneski
блокови / Димитровска Аница / железара / Крстев Драган / Маркова Тодорка / Станбена архитектура