Спомен Костурница во Струмица / Благој Колев 1979 – 1982
27.07.2024 • Информации
Проектант: Благој Колев
Година: 1979 – 1982
Локација: Струмица, рид Самораница (327 метри надморска висина)
Спомен Костурницата во Струмица е дело е на архитектот Благој Колев и е свечено отворена на 4 јули 1982 година, кога биле пренесени моштите на загинатите борци во НОВ и истите биле положени во саркофагот во Костурницата. Во саркофагот се наоѓаат посмртните останки на: Благој Јанков – Мучето, Герас Цунев, Сандо Масев, Васил Сурчев, Киро Абрашев, Иљо Шопов, Јанко Цветинов и Димитар Цветинов.
Вгнездена во подножјето на Беласица. костурницата со план на отворен амфитеатар се отвара кон градот Струмица. Несомнено ридот Самораница со висина од 327 е избран со замисла која го наведува посетителот низ скали и приод поплочен со калдарма, каде истиот е поминува низ еден „тежок пат“ низ темнината за на крај да пристигне до светлата отворена површина, која се отвара кон Струмица. Истото е дополнително засилено со користењето на белиот мермер за како завршна обработка. Аулата има 2 врати влез – излез и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозора и еден централен.
Пишаните стихови пред влезот во аулата се на Коце Солунски: Татковино огниште разгоривте, древни темели зацврстивте, простор немирлив засводивте, во својата срцевина.
Костурницата е вклучена во Списокот на Културно наследство на Македонија. Според Музеј на град Струмица во момент се изработува проект за негова конзервација и реставрација од страна на стручен тим од НУ Завод и музеј – Струмица,, објави Завод и Музеј Струмица.
Авторот на фотографиите е Арх. Паолина Милушева
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Благој Колев / Заштита на културно наследство / Костурница Струмица / НОВ / Струмица