Охридска и струшка сала

Ентериерот на двете сали е реализиран во 1954 година, во традиционална македонска резба карактеристична за охридскиот и струшкиот регион.

Охридската сала се користи од страна на Претседателот на Собранието за оддржување на редовна координација секој понеделник со подпретседателите,  генералниот секретар и координаторите на пратеничките групи. Салата се користи и за потпишување на свечени изјави на именуваните и избрани собраниски функционери.

 

 

Струшката сала е со намена за церемонијални и протоколарни активности. Изработена е во ореово дрво, од мајсторите од струшкиот крај.

 

 

Приложените фотографии се printscreen од виртуелната тура, достапна на страната на Собранието на Република Македонија