Архитектурата со име на Св. Климент Охридски
08.12.2024 • Информации
Насловна фотографија: Фокус
Со низа настани денес во земјава се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, кој воедно е и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Во Собранието на Република Македонија ќе се додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за истакнати достигнувања во воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на животната средина, како и во социјалната сфера.
Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основач на Охридската книжевна школа, првиот словенски епископ во Македонија, е патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Се смета дека е роден околу 830 – 840 година.
Во негова чест, низ целата земја се именувани бројни објекти и институции, меѓу кои Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, основни училишта во Охрид, Скопје, Битола и други градови, средното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и улици, културни домови и јавни установи низ целата држава. Дополнително, неговото име го носат и многу цркви низ државата, како и културни манифестации кои го одбележуваат неговото наследство.
Надвор од Македонија, неговото име го носат неколку објекти и институции меѓу кои Бугарската антарктичка база, Софискиот Универзитет како и повеќе православни цркви во дијаспората, кои служат како културни и верски центри за Македонците низ светот. Неговото наследство е инспирација и за програми на меѓународни конференции и истражувања поврзани со словенската писменост и култура.
Во денешната објава се потсетуваме за објавите направени низ годините во кои се разгледуваат објектите со името на овој светец:
Автор на статија: Љубен Трајаноски