Соби за Танц / Додевска, Лозановска, Ташковска, Филиповска

Семестар:  V година, зимски семестар 2024/2025

Тема: Соби за Танц – Интегративно студио 9 – Раст 2.0 – Руфтоп

Локација: Факултет за Драмски Уметности, Скопје

Автори: Огнена Додевска, Ивана Лозановска, Ана Ташковска, Галена Филиповска

Педагошки тим: проф. Слободан Велевски, проф. Марија Мано-Велевска, асист. Благоја Бајковски, Филип Јовановски

 

*Со оваа објава ја продолжуваме стручната соработка со Факултетското студентско собрание на Архитектонски факултет Скопје кое ги архивира и споделува проектите на студентите по архитектура во Македонија. Следете ги на инстаграм профилот: @afs_studentski_proekti 

Проектот „Соби за танц“ го редефинира традиционалниот академски кампус, претворајќи го во повеќеслоен урбан пејзаж што комбинира образование, култура, рекреација и јавен живот.

 

 

Инспириран од Rooftop каталогот на MVRDV, концептот воведува лебдечки соби—структури што се одделени од тлото и сместуваат балетски студија, предавални и соби за музички проби кои се во служба на ФДУ, како и на останатите студенти и околни жители.

 

 

Оваа одделеност овозможува создавање динамичен партер—јавен простор за рекреација, социјализација и движење, кој ги поврзува студентите и локалната заедница.

 

 

Над собите, руфтопот добива дополнителна вредност со содржини како работни зони, јога, боксерска сала, спа и кантина, правејќи го кампусот отворен, флуиден и функционален во сите нивоа.

 

 

Проектот ги интегрира принципите на вертикална диференцијација и програмска флексибилност, создавајќи повеќеслоен простор кој комбинира образование, култура, рекреација и социјална интеракција.