АПИ ПАРК / Јованова, Радевски

Автори: Сандра Јованова, Александра Радевски

Семестар: V година, IX семестар / 2024-2025

Тема: Катна Гаража со дополнителна содржина (урбано пчеларство) – АПИ Парк – Интегративно студио 9

Локација : Клинички центар – Скопје

Педагошки тим: проф. д-р Горан Мицковски, проф. д-р Александар Радевски,  асист. Димитар Крстевски

АФС / Универзитет ‚‚Св. Кирил и Методиј‘‘ – Скопје

 

 

Катната гаража со капацитет за паркирање на 500 возила со дополнителна содржина – урбано пчеларство и простор за апитерапија, претставува современ и одржлив објект со приземје, 5 ката и проодна тераса, кој покрај основната функција на паркирање, интегрира еколошки и здравствени придобивки.

 

 

Локацијата која е во непосредна близина на Клиничкиот центар во Скопје ја прави идеална за имплементација на апитерапија, која има позитивни ефекти врз здравјето на пациентите и посетителите. Урбаното пчеларство на кровот придонесува за подобрување на биодиверзитетот во градската средина, а истовремено ја поддржува екологијата и промоцијата на одржливиот развој.

 

 

Конструкцијата на објектот е изведена од армиран бетон, обезбедувајќи цврстина и долготрајност. Рампите кои овозможуваат лесен пристап до сите нивоа се изведени како дополнителни конструкции од челик, што овозможува флексибилност во просторот. Фасадата комбинира бетонски панели и метални мрежести елементи, кои овозможуваат природна вентилација и визуелна транспарентност. Внатрешноста на гаражата е функционална, со бетонски ѕидови, епоксидни подови и оптимално осветлување.

 

 

Кровот на објектот е посебно дизајниран за урбано пчеларство и апитерапија, со специјален под обезбеден преку ZinCo Urban Roofing системот, кој создава идеални услови за поставување на пчелни кошници и развој на зелени површини. Просторијата за апитерапија е климатизирана и прилагодена за пациенти, со контролирана вентилација и удобен пристап.

 

 

Овој концепт ги спојува модерната инфраструктура, медицинските придобивки и одржливиот урбан развој, создавајќи функционален и иновативен простор кој ја поврзува природата со градскиот живот.