Традиционална куќа / Дебар

Културното наследство е се уште присутно во нашите градови. Тоа е уште поизразено во деловите на нашата земја кои уште не ја доживеале трансформацијата на 21 век. Дебар е еден од тие градови, град познат по мајсторските тајфи од 18-19 век, град кој од секогаш се одликувал со одлична архитектура. Несомнено е дека токму во Дебар можеме да ги пронајдеме едни од најисклучителните примери на македонска традиционална архитектура.

 

 

Куќата на фотогалеријата се наоѓа во стариот дел на градот и е извонредно зачуван примерок на традиционалната архитектура од крајот на 19тиот век. Главен примат зазима затворениот чардак кои е испуштен на еркер за да даде пристап со главните скали. Чардакот го зазима најголемиот дел од објектот каде што можеме да видиме дека е нуклеусот на социјалниот живот. До него се сместени помали одаи, за спиење и за формално гостување во зимските периоди.

 

 

Материјалноста и изработката на елементите е на едно завидно ниво. Таванската резба и декорација се исклучителни каде едноставното затворање на таванската конструкција е донесено на ниво на уметност.  Долапите, внатрешната столарија и внатрешните сликана декорација не транспортираат во едно друго време. Време каде чистите бели ѕидови не постојат.

Емоциите кои ги носи оваа архитектура го задава прашањето зошто истата била напуштена? Се надеваме дека во 21век ќе можеме да зачуваме колку што можеме повеќе вакви бисери на традиционалниот мајстор и начин на живот.

 

 

Фотографиите се преземени со дозвола од
Валентина Илијевска Конзерватор и реставратор на ѕидно сликарство