“АРХИТЕКТУРА BO ПЕРИОД НА ТРАНЗИЦИЈА  низ делото на МБМХП+“ вечерва во Њујорк

„Архитектура во период на транзиција низ делото на МБМХП+” посветена на творештвото и архитектонското наследство на проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, како и на генерациите архитекти и соработници кои го продолжуваат овој архитектонски дијалог. Изложбата го претставува периодот на општествена, културна и економска транзиција низ архитектурата – како сведоштво за промените, идеите и континуитетите што ja обликуваат современата македонска архитектура. Знакот „+” во МБМХП+ ja означува соработката, пренесувањето на знаењето и архитектурата како колективен процес.

Изложбата ги поврзува клучните проекти и експерименти од творечкиот и педагошкиот опус на MBMHP+, меѓу кои Metamorphoses (2004), City of Possible Worlds (2006), METAMAK CUT-OUT (2008), Learning Architecture (2010), Architecture in the Mirror (2012) и Looking into the Mirror (2013). Проектот има за цел да придонесе кон документирањето и зачувувањето на поновата архитектонска историја на Северна Македонија, да поттикне јавна и стручна дебата и да ја претстави македонската архитектонска мисла пред меѓународната публика во Њујорк.

 

 

Автори и куратори: Проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља

Соработници: Саша Тасиќ, Виолета Бакалчев, Марија Петрова, Александар Петановски, Гордан Петанов, Дарко Драгановски, Димитар Папастеревски, Ива Божиновска, Андон Стојков, Емилија Стојаноска, Давид Митревски, Кирил Николов, Антониела Николов, Бојан Трајковски, Константин Трпеноски, Теодора Илиевска, Марија Карапанчева, Билјана Дуковска, Антонио Симеоновски, Амир Ахмети и Андреј М. Петровски.

Носител на проектот: Ива Петрунова / Здружение за истражување на градот – ГРАДОТ УБАВ, Скопје

Поддржано од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, преку Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2026 година, во областа на меѓународната дејност.

Изложбата ќе се отвори на:
14 октомври 2026 | 18:00 – 20:00 часот | Галерија МЦ – Македонски центар, Њујорк 
(545 West 52nd Street, Ground Floor, New York)

Изложбата ке биде отворена до 22 октомври 2026 година.