Меѓународен конкурс за урбанистичко-архитектонско идејно решение на дел од крајбрежниот појас во Будва

Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот распиша Меѓународен конкурс за урбанистичко-архитектонско идејно решение на дел од крајбрежниот појас во Будва, во опфатот на Просторниот план за подрачја од посебна намена за крајбрежниот регион на Црна Гора.

Предмет на конкурсот е изработка на урбанистичко-архитектонско идејно решение за дел од крајбрежниот појас во Будва, во опфатот на Просторниот план за подрачја од посебна намена за крајбрежниот регион на Црна Гора.

Вкупната површина на конкурсниот опфат изнесува приближно 42,7 хектари, од кои копнениот дел зафаќа околу 15,8 хектари. Целта на конкурсот е добивање висококвалитетно урбанистичко-архитектонско решение кое ќе го трансформира просторот на крајбрежниот појас во единствен, репрезентативен и функционално интегриран јавен простор.

 

Решението треба синергиски да ги поврзе урбаното залеѓе на градот и туристичките капацитети, шеталиштето, проширената песочна плажа и Лука Будва (акваториумот и придружните објекти), со истовремено зачувување на отворените визури кон морето и Стариот град.
Организаторот го распишува и спроведува конкурсот на црногорски и англиски јазик.

Конкурсни рокови

• Конкурсот е отворен од 6 октомври 2026 година.
• Рок за предавање на конкурсните трудови: 15 декември 2026 година, до 12:00 часот (напладне), по локално време во Црна Гора.
• Краен рок за објавување на резултатите од конкурсот: 20 декември 2026 година.

Конкурсното решение во дигитална форма треба да се достави преку електронска пошта, најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12:00 часот (локално време во Црна Гора), на следната адреса:
obalnipojas@mdup.gov.me

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на интернет-страниците:
• www.gov.me
• www.arhitecturalcompetitions.me

Рок за поставување прашања

Сите заинтересирани учесници можат да поставуваат прашања во врска со конкурсот најдоцна до 26 октомври 2026 година.
По истекот на рокот, сите пристигнати прашања и одговори ќе бидат обединети и објавени на интернет-страницата на Министерството (www.gov.me), како и на интернет-страницата www.arhitecturalcompetitions.me, најдоцна до 3 ноември 2026 година.
Прашањата се испраќаат на следната адреса:
obalnipojas@mdup.gov.me

Награден фонд

• I награда – 42.000 евра
• II награда – 27.000 евра
• III награда – 16.000 евра
• Два откупа – по 7.000 евра

 

 

Комисија
• Мирјана Ѓуришиќ, архитектка – генерална директорка на Директоратот на главниот државен архитект, Министерство за просторно планирање, урбанизам и државен имот – претседателка на Комисијата;
• Бранислав Греговиќ, архитект, LXXVI, Подгорица, Црна Гора – член;
• Крунослав Иванишин, архитект, Ivanisin & Kabashi Arhitekti, Загреб, Хрватска – член;
• Тадеј Глажар, архитект, Универзитет во Љубљана – Архитектонски факултет – член;
• Софија Хајризaj, архитектка, Управа за заштита на културните добра на Црна Гора – членка;
• Милјана Миљаниќ, градежен инженер, Јавно претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора – членка;
• Драгољуб Марковиќ, просторен планер – член;
• Невена Јововиќ, архитектка – генерална директорка на Директоратот за просторно планирање, Министерство за просторно планирање, урбанизам и државен имот – членка;
• Горан Идризовиќ, капетан, генерален директор на Директоратот за поморска и внатрешна пловидба, Министерство за поморство на Црна Гора – член.

Регистрацијата за учество не е потребна.
Учеството на конкурсот е бесплатно.

Конкурсната документација е достапна за преземање кај изворот >>>