Традиционална куќa 1838 / Дебар

Културното наследство е се уште присутно во нашите градови. Тоа е уште поизразено во деловите на нашата земја кои уште не ја доживеале трансформацијата на 21 век. Дебар е еден од тие градови, град познат по мајсторските тајфи од 18-19 век, град кој од секогаш се одликувал со одлична архитектура. Несомнено е дека токму во Дебар можеме да ги пронајдеме едни од најисклучителните примери на македонска традиционална архитектура.

 

 

 

Куќата на фотогалеријата се наоѓа во стариот дел на градот и е извонреден примерок на традиционалната архитектура подигната во 1838 година.  Куќата е поставена со традиционална градба со истакнат чардак ориентиран кон југозапад, што овозможува оптимално користење на природната светлина. Чардакот е широк и отворен, со дрвена конструкција и декоративни елементи во духот на македонската народна архитектура. Светло матлеристанта фасада е декорирана со цртани флорални и геометриски мотиви, во корнизата. Первазите на прозорите се со зелена боја и ја зазимаат типичната форма на дебарската народна архитектура.
Конструкцијата е бондрчна со исполна на ѕидовите од керпич и земјен малтер.

 

Материјалноста и изработката на елементите е на едно завидно ниво. Таванската резба и декорација се исклучителни каде едноставното затворање на таванската конструкција е донесено на ниво на уметност.  Долапите, внатрешната столарија и внатрешните сликана декорација не транспортираат во едно друго време.

За жал состојбата на објектот е руинирана. Само прашање на време  е кога ќе се изгуби целосно овој објект од огромна вредност за градот Дебар и генерално традиционалната архитектура. Губењето на бисерите на еден град е губењето на историјата и културата.

Фотографиите се преземени со дозвола од
Валентина Илијевска Конзерватор и реставратор на ѕидно сликарство