Доделување на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2024 година

Со особено задоволство Ве покануваме да бидете дел од свеченото доделување на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2024та година, која Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја доделува еднаш во годината.

Таа чест, како круна на неговото плодно творештво му припадна на нашиот истакнат колега, архитект Стеван Смилевски.