„Премиум деловен центар“ на Мак Аутостар

Во месец март, се постави камен темелник на новиот деловен центар на компанијата Мак Аутостар, која е генерален застапник за Мицубиши и Мерцедез-Бенз во Македонија.

Новиот објект се наоѓа на булеварот „Србија“,  пред постоечкиот автосалон на Мак Аутостар. Освен за сопствени потреби објектот ќе поседува и деловен простор за изнајмување на фирми кои имаат потреба од истиот.

Инвестицијата е проценета на 10.000.000 евра и како што велат од компанијата, ќе понуди модерно опкружување, паркинг простор со полначи за електрични возила, дополнителни содржини како фитнес центар, кафетерија и панорамски ресторан.

Објектот се простира на 7 ката, подземен паркинг на 3 нивоа, паркинг од 5000 м2 и вкупна корисна површина од 12 000 м2.

Како и за многу други инвестиции и проекти, инвеститорите не чувствуваат потреба да ги истакнат проектантите и авторите.

Извор: Мак аутостар