МАРХ Отвара повик за соработници
07.07.2025 • Информации

МАРХ — Македонска архитектура е независна платформа која веќе над десет години активно ја промовира и документира македонската архитектура. Оваа мисија опстојува благодарение на поддршката од публиката, но и на бројните соработници кои со години ни испраќаат материјали и помагаат во подготовката на објави. Ви благодариме за довербата и ентузијазмот!
Тимот на МАРХ моментално брои шест члена, но и покрај сето залагање, темите што заслужуваат внимание се навистина бескрајни. Затоа отвараме повик за екстерни соработници, во форма на двомесечни волонтерски ангажмани.
Избраните учесници ќе имаат можност во тој период да соработуваат директно со тимот на МАРХ и, под наше водство и менторство, да дадат свој придонес кон содржините што ги споделуваме на нашата веб-страница.
Соработката може да се реализира преку:
- Истражување и собирање на материјали
- Пишување и подготовка на објави
- Урбанистички или архитектонски анализи
- Фотографирање на објекти и/или настани
Што добивате за возврат:
- Менторство од тимот на МАРХ
- Искуство во полето на архитектонско новинарство, документација и истражување
- Видливост и акредитација за вашиот труд
- Потврда за волонтерскиот ангажман и препорака по завршување
- Директен придонес во зачувување и промоција на македонската архитектура
- Пакет од збирките на МАРХ во знак на благодарност
Периодот и деталите за секој ангажман ќе бидат договорени индивидуално, во согласност со околностите и можностите на соработникот.
По завршувањето на двомесечниот период, секој ангажман ќе биде евалуиран со цел вреднување на придонесот и можност за понатамошна соработка.
Доколку сте заинтересирани, повелете со пополнување на следната пријава.

Автор на статија: Ноеми Чаусидис