„Cultivating landscape: A site sensitive approach in architecture” во селекција на 6 најдобри од 200 учесници

Проектот на македонското студио архитектура новa “Cultivating landscape: A site sensitive approach in architecture” се најде во селекцијата на “shortlisted project” во рамки на биеналната архитектонска изложба Time Space Existence во Венеција од страна на интернационалното жири.

Проектот е издвоен во друштво на 6 архитектонски студија во категоријата architecture, меѓу кои и реномираното студио Elemental на Алехандро Аравена, во конкуренција на повеќе од 200 учесници ширум светот.

 

Македонското студио „Архитектура нова“ на Архитектонското биенале во Венеција 2025

 

Изложбата трае до 23ти Ноември 2025, а победниците ќе бидат прогласени на церемонијата на затварањето.

Оригиналната објава видете ја тука >>>