Извиткана куќа / Марјановиќ

Локација: нас. Водно, Скопје

Година: 2023

Тип: семејна Куќа

Клиент: приватен

Вкупна Површина:   178 M2

Површина на парцела:  800 M2

Површина На Приземје:   185 M2

Автор: Филип Марјановиќ /  Filip Marjanovikj Architecture

Соработници: Џон Клм (3д Визуелизации-екстериер) и Ширелин Нантес (ентериери)

 

Основа

 

Извитканата куќа e дизајнирана за живописна локација на падините на Водно. Се карактеризира со високо експериментална-скулптурална форма, каде вертикалните ѕидови од обете страни преку ротација (извиткување) се претвораат во хоризонтални ѕидови. Тој ефект на “ извиткување” создава многу интересен и возбудлив флуиден простор.

 

 

Куќата е проектирана за тричлено семејство. Oбјектот е  поделен на 2 дела: дел за дневен престој, со кујна и трпезарија, ориентиран кон југозапад и дел за одмор и релаксација со родителска и детска спална соба и тоалет со североисточна ориентација.

Објектот го следи падот на теренот, па така помеѓу делот со дневната соба и спалните соби има висинска разлика од 1.65м.

 

За авторот:

Филип Марјановиќ дипломира на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје 2003-тата година. Истата година се вработува во Гранит – една од најголемите градежни компании во земјата, каде учествува во изградбата на неколку деловни и стамбени објекти. Времето поминато во оператива му помага одблиску да го согледа процесот на изведба на архитектонски објекти, што ќе има големо влијание во неговата главна преокупација – проектирањето.

 

 

 

Во следните 10 години (од 2006 до 2015) најпрвин за Гранит Проект, а потоа и за приватна инвеститорска компанија изработува голем број на проекти за домување, индивидуални куќи, социјални станови и деловни објекти, а истовремено учествува и на неколку конкурси во земјата и во странство. Со приватна архитектонска пракса се занимава од 2014 година