Јавен тоалет во Градски парк – Скопје

Објект: Јавен тоалет

Локација: Градски парк, Скопје

Фотографија: Борис Јурмовски, 2020

 

Јавниот тоалет во новиот дел од Градскиот парк во Скопје, иако замислен како корисна услуга за посетителите, денес e пример на запуштеност и неодржуваност, репрезент на нашата јавна некултура.

Архитектонски концептот е реализиран во форма на полжав, но очигледно е едека неговиот оригинален изглед со текот на времето е нарушен.

Тековниот надворешен изглед, како и состојбата внатре, укажуваат на недостиг од редовно одржување и соодветна хигиена,  нефункционални чешми и тоалети. Тоалетот треба да биде забранет за користење, како потенцијален извор на зарази и болести!

 

 

 

 

 

Функционални и чисти јавни тоалети во главен град како Скопје, особено во Градскиот парк – една од најпосетуваните и најзначајни рекреативни зони не смее  да е луксуз, туку неопходност и основен стандард!