Еднодневна работилница „(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикација“

Невладината организација УРБ-АРХ Скопје, ја најавува еднодневната работилница:

„(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикација“, фокусирана на параметриски дизајн и дигитална фабрикација.

Работилницата е во соработка со Pixolid, и под менторство на Звонко Вугрешек.

Програмата на работилницата опфаќа работа во софтверите Rhino и Grasshopper, развој на алгоритамски форми и нивна материјализација преку изработка на модели.

Работилницата е наменета за студенти, но и за професионалци од архитектура, дизајн и сродни области.

Учесниците се стекнуваат со сертификат за учество и основно познавање на програмите

Котизација: 40 евра (2.465 денари)

Дата на одржување: 19 март 2026

Час: 10:00 – 16:00 часот

Локација: Младински хаб на Град Скопје, зелен кров на Дом на градежници

 

 

Телефон за пријавување: 076465000 (најдоцна до 16.03.2026)

Пријавување до 16.03.2026.