Параметрицизам и дигитална фабрикација: нови практики во македонската архитектура?
30.03.2026 • Информации
Минатиот четврток, на ден 19.03.2025 година во просториите на Младинскиот хаб при Град Скопје, се одржана еднодневна работилница за параметриски дизајн „(И)регуларни геометрии: од код до фабрикација“ која успешно ги обедини архитектурата, технологијата и иновацијата.
Работилницата, беше организирана од Органицацијата УРБ-АРХ и PIXOLID.de. Под менторство на Звонко Вугрешек ко-основач на PIXOLID.de и предавач по роботика и вештачка интелегенција во дизајн и фабрикација на повеќе факултети во Берлин, учесниците имаа можност да се запознаат со основите на алгоритамскиот дизајн и дигиталната фабрикација – теми кои сè повеќе го обликуваат современиот архитектонски дискурс, но сè уште се новина во македонски контекст.
Оваа тема станува се позначајна денеска со се поголемиот замав на интеграција на вештачката интелегенција во секојдневните работни процеси и алатки. Се наоѓаме во време каде што математичката и програмерската писменост се клучни за создавање и контрола врз идните инженерски системи, a тоа подразбира се што може физички да се произведе. Како тоа би било најоптимално изведено од просторна и материјална гледна точка, без разлика на размерот.
Работилницата обедини учесници и професори од повеќе институции, меѓу кои Машинскиот факултет – Скопје, Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград и Архитектонскиот факултет при МИТ Универзитет Скопје, поттикнувајќи интердисциплинарна размена на знаење и искуства.
Преку практична работа, учесниците креираа параметриски форми, кои потоа беа поврзани со реалниот процес на изработка, вклучувајќи презентација на машинска продукција со роботска рака.
Презентирани 3д модели и процес на фабрикација
Настанот заврши со доделување на сертификати, заокружувајќи едно интензивно и инспиративно искуство кое отвора нови перспективи за примена на дигиталните технологии во архитектурата во регионот.
Процес на работа
Работилницата отвори значајни прашања за иднината на архитектонската практика кај нас, особено во контекст на сè поинтензивната интеграција на алгоритамскиот дизајн и дигиталната фабрикација. Во време кога кодот станува нов медиум на проектирање, архитектурата се наоѓа пред суштинска трансформација.
Останува прашањето – дали македонската архитектонска сцена ќе успее навреме да ги препознае и прифати овие процеси, или тие ќе останат на ниво на изолирани експерименти?
Автор на статија: Filip Koneski
(И)регуларни геометрии: Од код до фабрикација / PIXOLID.de / Звонко Вугрешек / Младински хаб / УРБ АРХ






