Лекција за урбанистичко планирање – меѓународен конкурс / Резултати од конкурсот за населбата „Велје брдо“ во Црна Гора

Темата за урбанистичкото планирање во Македонија и краткогледоста на македонските локални власти ја обработуваме постојано. Инсистирањето за конкурси кои дефинираат архитектонско-урбанистичка визија се уште се далеку од нашите навики. После победата на иницијативата на МАРХ, граѓанските здруженија и дел од професионалната јавност за Расадник во Кисела Вода, организација на друг конкурс од сличен карактер не видовме. Но и од овој конкурс, не видовме сеуште преточување во реален урбанистички план и стратегија како овој простор да биде решен во еден потег – манир, кој ќе направи идентитет на просторот, наместо индивидуално делување на инвеститорите по принципот – секој што сака прави на својата парцела.

По којзнае кој пат, споделуваме пример од Црна Гора, која не прави повеќе компромиси на оваа тема и постави стандард за размислување.

Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора имаше распишано Меѓународен конкурс за урбанистичко-архитектонско идејно решение за Блок А1, во рамки на првата фаза од реализацијата на населбата „Велје брдо“.

Предмет на конкурсот беше изработка на урбанистичко-архитектонско идејно решение за Блок А1, во рамки на првата фаза од реализацијата на населбата „Велје брдо“, со вкупна површина од 61.356 м², кој се простира на дел од катастарска парцела 387/1 КО Велје брдо. Освен тоа, предмет на конкурсот беше и изработка на идејно решение за собирна сообраќајница која го опслужува предметниот блок, со што ќе се овозможи пристап до локацијата од главниот Булевар „Велје брдо“.

На 14ти април, страната  насловена како „Архитектонски конкурси“ ги објави резултатите  од меѓународниот конкурс, каде се презентирани победничките решенија. Очигледната транспарентност кон домашната и меѓународната јавност овозможува да ги погледнете сите пристигнати решенија и да ги споредите наградените решенија.

Добитници на награди и откупи:

o I награда

Шифра на труд: 24542
Износ: 100.000,00€
Автори:
· Дејан Милановиќ
· Гроздана Шишовиќ

Соработници:
· Мина Софрониевиќ
· Мартина Лукиќ
· Бојана Пузиќ
· Александар Петровиќ
· Милан Савовиќ

Држава: Србија

 

o II награда

Шифра на труд: 64687
Износ: 65.000,00€

Автори: ТАКТИКА (Stefan Đorđević PR TAKTIKA)
· Стефан Ѓорѓевиќ
· Далија Дуканац

Соработници:
· Неда Сретеновиќ
· Јелена Мариќ
· Ања Мариќ

Држава: Србија

 

o III награда

Шифра на труд: 05781
Износ: 40.000,00€

Автори: SADAR+VUGA d.o.o. и DVARP +C d.o.o.
· Јуриј Садар
· Боштјан Вуга
· Миха Чебуљ
· Дијана Вучиниќ

Тим:
· Матјаж Бахор
· Беле Виљан Фернандез
· Nicholas Hartman
· Јелисавета Петриќ
· Јелена Вучиќ
· Анѓела Бубања
· Емра Кургаш
· Владимир Поповиќ

Сообраќај:
· Василије Газивода, LOT Инженеринг d.o.o.

Држава: Словенија и Црна Гора

 

o I откуп

Шифра на труд: 91108
Износ: 10.000,00€

Автори: ALBATROSS Архитектура и урбанизам d.o.o.
Ален Жуниќ, Петра Влахек

Соработници: Марта Крсловиќ
Консултанти: Миљенко Станковиќ, Дамјан Бујак, Петар Јовиќевиќ

Држава: Хрватска

 

 

 

o II откуп

Шифра на труд: 32971
Износ: 10.000,00€

Автори: LLC DIZAYN FABRIKASI
Bahri Saka, Alp Baykan, Hayrettin Akturk, Muhammed Furkan Kaya, Canan Enisoglu, Ivana Stojanovic, Xurshidbek Yuldashev

Држава: Узбекистан

 

 

Дознајте повеќе кај изворот >>>