Разговор со Радослав Милошески / Delight

Најпрво да Ви посакаме добредојде во светот на македонската архитектура и да Ви се заблагодариме што го препознавте МАРХ како чинител на домашната сцена, препознавајќи партнер од взаемен интерес!

Со цел да ги запознаеме нашите читатели, во денешната објава дознаваме повеќе за DELIGHT. Кажете ни на почетокот на ова интервју повеќе за компанијата, нејзините почетоци, главниот фокус, историјата и развојот до денес.

 

Delight Office Solutions е интернационална компанија за опремување деловни простори во регионот Адриа, која повеќе од две децении поставува стандарди на пазарот преку иновативни и персонализирани решенија. Денес сме присутни во седум земји, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија, Косово и Македонијa,  со тим од над 100 професионалци, и претставуваме силна регионална приказна за раст и развој.

Она што нè издвојува е систематскиот пристап во градење на долгорочни бизнис стратегии, континуирана дигитализација на процесите и постојано инвестирање во организацискиот развој. Верувам дека токму оваа структура и визија овозможија Delight да израсне во препознатлив бренд со влијание на повеќе пазари во регионот.

 

 

Кои се главните три полиња во кои компанијата се пронаоѓа на пазарот? Која е главната дејност?

 

Delight се фокусира на анализа, планирање и оптимизација на деловни простори со цел да се постигне функционална, ефикасна и добро организирана работна средина.. Компанијата обезбедува стручна поддршка во процесот на уредување на деловни простори, преку координација и имплементација на решенија во соработка со инвеститори, проектанти и архитекти.

Врз основа на ова знаење и долгогодишно искуство, компанијата својата експертиза ја гради и развива низ три клучни сегменти

  1. Испорака на канцелариски мебел: компанијата обезбедува комплетни решенија за опремување на канцелариски простори, од индивидуални работни позиции до целосно уредување на корпоративни средини, вклучувајќи работни станици, менаџерски и конференциски зони, колаборативни простори и придружни елементи.
  2. Подни облоги: специјализирани системи на подни решенија за деловни простори, со техничка поддршка при избор, планирање и изведба, согласно функционалните и естетските барања на проектот.
  3. Стаклени и акустични преградни системи: решенија со висок степен на звучна изолација и сертифицирани перформанси, наменети за современи работни средини каде акустичкиот комфор е клучен фактор. Понудата вклучува фиксни и подвижни преградни ѕидови, модуларни системи и технички решенија што овозможуваат флексибилна организација на просторот без компромис во однос на квалитетот и стандардите.

Покрај основните сегменти, во последниот период особено се издвојуваат решенијата како телефонски кабини, акустични производи и специјализирани системи за подобрување на работната средина, со што Delight се позиционира како сеопфатен партнер – односно „one-stop-shop“ за сè што е поврзано со современ канцелариски ентериер.

Дополнително, компанијата активно работи и на fit-out проекти, каде што ја презема координацијата и реализацијата на целокупното уредување на деловниот простор, обезбедувајќи интегриран и контролиран процес на изведба.

 

 

 

Компанијата делува во регионот но носи светски искуства на пазарот. Кои се брендовите кои ексклузивно ги носи Delight на пазарот?

 

Delight веќе долги години соработува со ексклузивни и светски реномирани производители, при што компанијата настапува како официјален и ексклузивен партнер на територијата на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово и Словенија.

Овие партнерства претставуваат значаен дел од стратешкото позиционирање на компанијата и гарантираат пристап до високи стандарди на квалитет, иновација и сертифицирани решенија во областа на деловните ентериери.

Главни партнери се:

  • Steelcase: лобален лидер во областа на канцелариски мебел и workplace иновации, препознатлив по истражувачки пристап и развој на напредни работни средини.
  • Interface: водечки производител на модуларни подни облоги, со силен фокус на одржливост, дизајн и високи технички перформанси.
  • DEKO: европски бренд специјализиран за стаклени и акустични преградни системи, со сертифицирани решенија и високи стандарди во звучна изолација и флексибилност на просторот.

 

Претставете ни го тимот на DELIGHT во Македонија. Како е внатрешната организација на компанијата и кои сектори ги поседувате?

 

Тимот на Delight во Македонија брои околу 20 локални професионалци, со значително искуство во рамките на компанијата – голем дел од нив со над 10 години активно учество во развојот и реализацијата на проектите. Покрај тоа, во процесот активно се вклучени и повеќе од 100 колеги од регионот, кои обезбедуваат дополнителна експертиза и поддршка, овозможувајќи интегриран и контролиран пристап кон секој проект.

 

 

Компанијата е организирана во неколку клучни сектори: продажба и консалтинг, архитектонско-консултантска поддршка, проектен менаџмент, логистика, финансии и after-sales поддршка. Секој од овие сектори има јасно дефинирана улога во процесот низ кој поминува клиентот, од иницијалната консултација, преку разработка и координација, до финална реализација и постпродажна поддршка. Ваквата организациска поставеност овозможува контролиран, структуриран и професионален пристап кон секој проект.

 

 

Дали забележуваме прогрес во сферата на интерес на домашниот пазар? Дали низ годините побарувачката е зголемена паралелно со зголемување на економската моќ?

 

Дефинитивно може да се забележи прогрес на домашниот пазар во сферата на канцелариското уредување. Во изминатите години значително се зголеми свесноста за квалитетот на работната средина и нејзиното влијание врз продуктивноста, задоволството и задржувањето на кадарот.

Компаниите сè почесто инвестираат во современи решенија, ергономски мебел, акустични производи и флексибилни просторни организации. Забележливо е дека побарувачката не се базира повеќе само на основна функционалност, туку на квалитет, дизајн, одржливост и целокупно корисничко искуство во просторот.

Паралелно со економскиот развој, расте и разбирањето дека конкурентноста на една компанија не се гради исклучиво преку финансискиот надомест, туку и преку условите во кои луѓето работат. Денес, работната средина е дел од корпоративната култура и брендот на работодавачот, а канцеларијата станува алатка за привлекување и задржување на талент.

Сметам дека македонскиот пазар веќе достигнува ниво каде што квалитетот на просторот се препознава како стратешка инвестиција, а не како трошок.

 

 

Кои се плановите за развој во скорешната иднина на компанијата?

Во периодот што следи, фокусот на компанијата е насочен кон задржување и дополнително зацврстување на лидерската позиција на локално и регионално ниво. Нашата цел е да продолжиме со стабилен и одржлив раст, преку унапредување на услугите, проширување на портфолиото и континуирано инвестирање во тимот и организациските капацитети.

Паралелно, планираме понатамошна експанзија на нови пазари во регионот, со внимателно и стратешко пристапување кон секој нов предизвик. Развојот ќе се темели на долгорочни партнерства, дигитализација на процесите и воведување на иновативни и одржливи решенија во сегментот на деловни простори.

Нашата визија останува иста, да бидеме сигурен и компетентен партнер во креирање современи работни средини, притоа градејќи стабилен бизнис модел што обезбедува континуитет и вредност на долг рок.

 

 

Архитектурата опфаќа две главни поделби според основната присустност во просторот. Тоа се екстериер и ентериер. Дали Delight се гледа себеси како партнер на архитектите кои работат на ентериери и што може да им понуди како поддршка во делот на проектирањето на канцеларии и работни простории?

Архитектите и архитектонските бироа се едни од нашите најзначајни партнери на пазарот. Активно работиме на поддршка на архитектонската заедница преку организација на стручни настани, презентации и обуки за нови производи и системи, како и преку директна размена на знаење со нашите меѓународни партнери. Дел од таа поддршка се и посети на изложбени салони ширум Европа, каде архитектите имаат можност непосредно да се запознаат со иновациите и техничките карактеристики на производите.

Дополнително, на барање на архитектите, соработуваме со мрежа од повеќе од 100 меѓународни добавувачи, со цел да одговориме на различни и специфични барања. Нашата цел е архитектите на локалниот пазар да имаат подеднаков пристап до квалитетни и сертифицирани производи, како и нивните колеги во водечките светски архитектонски бироа.

Во процесот на проектирање обезбедуваме комплетна техничка документација, како и 2D и 3D формати на производите, со цел тие лесно да се интегрираат во проектантските софтвери и да се обезбеди прецизност во планирањето.

Нашата улога ја гледаме како стручна поддршка во сегментите на канцелариски мебел, подни облоги, стаклени и акустични системи, области каде што можеме да придонесеме со конкретно техничко знаење, сертифицирани перформанси и практично искуство од реализација.

 

 

Кои се проектите на македонската сцена со кои сте навистина горди? Посочете ни три проекти од последните години, кои се одвојуваат?

Еден од позначајните е Grand проектот, каде закупци се компаниите Taskforce и PwC. Во рамки на овој објект, Delight беше одговорен за повеќе од 900 работни места, како и за имплементација на подни облоги и стаклени преградни системи на површина од околу 12.000 m². Проектот се издвојува како еден од поголемите на регионално ниво.

 

 

 

Вториот проект е деловниот објект Palata Kan, каде закупци се Endava и Proton Mail и др. Тука бевме вклучени во реализација на повеќе од 700 работни позиции, како и во изведба на стаклени системи и подни облоги на површина над 10.000 m². Овој проект беше особено значаен поради динамиката и специфичните барања на ИТ секторот.

 

 

Како трета категорија би ги издвоил проектите за RLDatix, Public Cloud и Valtech, три компании од ИТ индустријата. За трите компании реализиравме целосен fit-out и опремување на просторот за RLDatix на површина од над 3.500 m², а за Public Cloud и Valtech на околу 2.000 m². Овие проекти се пример за интегриран пристап, каде што бевме одговорни за сè, од планирање и координација до финална изведба и опремување на целокупниот простор.

 

 

Секој од овие проекти претставува различен предизвик, но заедничко им е тоа што бараа висок степен на организација, техничка експертиза и координација, што е во суштина и вредноста што ја носиме како компанија.

Кој е Радослав Милошески? Кажете ни нешто повеќе за себе, со оглед на тоа што сте млад и успешен менаџер кој беше меѓу дотниците на„ Business Elite’s Under 30“

Моите професионални почетоци се поврзани со секторот за комерцијални недвижности, каде што како раководител на одделот за канцелариско посредување во FORTON MKA (affiliate на Cushman & Wakefield) имав можност директно да работам со домашни и интернационални компании и да стекнам длабоко разбирање за пазарот на деловни простори.

Токму преку таа улога природно се поврза мојот професионален пат со Delight Office Solution. Преминот кон Delight беше логичен чекор, од посредување и стратешко советување, кон директно учество во реализација и развој на работни средини.

 

 

Денес, како регионален менаџер за Македонија, Албанија и Косово, ја водам оперативната и стратешката насока на компанијата, со фокус на раст, развој на тимови и унапредување на пазарното присуство. Посебен акцент ставам на градење стабилни партнерства и долгорочни односи со клиенти.

Во 2025 година бев избран за еден од добитниците на меѓународната награда „Business Elite’s Under 30“, признание што го доживувам како потврда за тимската работа, посветеноста и резултатите што ги постигнуваме како организација. Сметам дека успехот не е индивидуална категорија, туку резултат на јасна визија, континуиран развој и силен тим.

Како млад менаџер, верувам дека современото лидерство подразбира адаптибилност, транспарентност и способност да се препознае вредноста на луѓето и просторот во кој тие создаваат.

Радослав, Ви посакуваме успешна кариера и нови успеси во сферата на интерес. Воедно посакуваме долгогодишна соработка со МАРХ и заеднички раст!