Изградена средина: Алтернативен водич за Јапонија
07.07.2026 • Информации
Амбасадата на Јапонија, Музејот на современата уметност – Скопје и Јапонската фондација ве покануваат да откриете поинаква страна oд Јапонија преку оваа патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич за Јапонија“
Изложбата претставува 80 примери на објекти, инфраструктурни проекти, пејзажи и други дела од сите префектури на Јапонија, прикажани преку фотографии, текстови и видеоматеријали. Таа открива поретко разгледуван аспект на Јапонија, фокусирајќи се на изградената средина во различните региони на земјата, која се одликува со голема географска разновидност и често е погодена од природни катастрофи. Целта е да се истражи како јапонските луѓе се соочувале и се приспособувале на природната средина, како живееле со нејзините предизвици и како низ тој процес создале и зачувале свој локален идентитет.
Куратори
• Шунсуке Кураката (вонреден професор, Универзитет на град Осака)
• Сатоши Хачима (професор, Технолошки институт Чиба)
• Кенџиро Хосака (куратор, Национален музеј на модерна уметност, Токио)
16 јули – 16 септември, 2026 г.
вторник – сабота 10 ч. – 17 ч.
недела 09 ч. – 13 ч.
Влезот на изложбата е бесплатен; но за влез во музејот останува симболичната цена за редовниот дневен билет за сите изложби.
Автор на статија: Filip Koneski
msu / Амбасадата на Јапонија / Изложба / Јапонска фондација / Кенџиро Хосака / МСУ / Музеј на современата уметност – Скопје / Сатоши Хачима / Шунсуке Кураката
