Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“
13.08.2026 • Информации Урбанизам
Најавена е јавна анкета за нацрт планот за „Барутана“, со кој се предвидува изграба на 20тина „хациенди“ на стрмен предел од Водно. Површината за градење варира кај секоја, но активистите стравуват од тоа дека тоа се површини на кои потоа ќе изникнат згради.
По негодувањето за предлог нацрт деталниот урбанистички план градоначалникот на Општина Центар, Герасимовски најави анкета, која и по закон треба да се случи.
Јавната анкета ќе трае од 13 август до 14 септември 2026 година.
Анкетните листови може да се пополнат во ООУ „Кочо Рацин“, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, како и електронски преку: www.centar.gov.mk или https://www.e-urbanizam.mk/najava.nspx
Јавната презентација ќе се одржи на 3 септември во 12:00 часот во просториите на Општина Центар.
Автор на статија: Filip Koneski
