Радивоје Динуловиќ со предавање на АФС во рамки на фестивалот АКТО

21. издание на фестивалот АКТО продолжува денеска, 1 октомври 2026 година, со два настани:

Во 19:00, во Амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, УКИМ, ќе се одржи јавно предавање „SEMPER IDEM… or it is not?” на реномираниот професор, архитект и теоретичар Радивоје Динуловиќ (SCEN, Нови Сад), кое ги истражува просторните и политичките парадигми на отпорот низ историјата на белградскиот театар. Тргнувајќи од фестивалот „Битеф” и современиот феномен „не:Битеф” – децентрализиран фестивал на микро-сцени – предавањето ги поставува јавните и амбиенталните простори како активни, политички наелектризирани арени.

Влезот на овоj настан е слободен.

Во рамки на АКТО денеска започнува и Лабораторијата за перформативно-просторни практики: Градот како сцена, сценографско-просторни интервенции [во јавниот простор] како алатка за градење еколошки иднини. Фокусот на неколкудневната работилница, со меѓународен тим соработници, е тестирање и развој на модел на користење на киното во Железничката зграда.