Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
21.10.2026 • Информации
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста” од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи”, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.
Центарот за културно наследство „С и К” од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Фотографии: Radovis News
Радовиш ќе биде домаќин на меѓународната трибина за архитектура и градителство
Автор на статија: Filip Koneski
2026 / Меѓународната трибина за архитектура и градителство / Радовиш




