ПРЕДАВАЊЕ на проф. Френк Флури

Ве покануваме да присуствувате на предавањето на професор Френк Флури, раководител на првиот циклус на студии на Колеџот за Архитектура на Институтот за технологија на Илиноис во Чикаго.
Предавањето ќе се одржи во среда, 11.12.2019 година со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје. Предавањето е организирано во рамките на програмата „Деканска серија на предавања“ фокусирани на педагогијата и современата практика во архитектурата.

 


 

Професорот Флури е архитект по професија, но е исто така и сертифициран мајстор столар обучуван во Германија. Тој веќе 12 години го води Дизајн/Билд студиото за студентите од 4-та и 5-та година и дипломците на Колеџот за Архитектура. Како негов примарен фокус тој ја нагласува важноста на врските меѓу архитектонското размислување и градењето. Откако тој станува раководител на првиот циклус на студии по Архитектура на Институтот за технологија на Илиноис во Чикаго тој отпочнува процес на бројни промени во наставната програма.

Во Архитектонските студија кои тој ги раководи студентите проектираат и потоа ги градат проектираните објекти за бројни непрофитни и добротворни организации. Високото ниво на дизајн, минималните трошоци и целосната посветеност на студентите на проектирањето и градењето се инхерентни на овие проекти. Темелот во проектантската филозофија на проф. Флури е создавањето просторни секвенци преку користење елементи од пејзажот кои овозможуваат различни сценарија на активности и мноштво нивоа на интеракција помеѓу корисниците.

Автор на статија:

/ /